Компирот веќе долго време го бие глас дека е намирница која дебелее, но новите истражувања покажаа дека тој всушност го спречува таложењето килограми.Истражувачи за универзитетот McGill во Велика Британија, дошле до заклучок дека глувците кои консумирале компир во големи количини, почнале да ја губат телесната маса.
Научниците веруваат дека до тоа доаѓа благодарение на високата доза полифенол – хемикалија која се наоѓа во овошјето и зеленчукот, а добра е и за нашиот органиам.
„Бевме изненадени од резултатите. Мислевме дека тоа не може да биде точно. Всушност експериментот го спроведовме повторно и тоа користејќи екстракт приготвен од компири.
Десет недели на глувците кои имаа по 25 грама, им дававме калорична храна со екстрат од полифенол, кој е добиен од околу 30 компири. На крајот од експериментот животните кои не добивале екстрат од компир се здебелиле за 16 грама, а оние кои секојдневно земале екстрат добиле само 7 грама“ вели водачот на истражувањето Sten Kabou.
Тој истакнува дека дека оваа појава го објаснува таканаречениот француски парадокс – фактот дека Французите остануваат витки иако не се хранат здраво.
Сепак научниците истакнуваат дека иако полифенолот во компирот можеби го спречува дебелеењето, не е докажано дека исхраната со многу компир може да ве одржи слаби.
„Дневната доза од екстратот е направена од околу 30 компири, но ние нормално не можеме да советуваме никој во текот на еден ден да изеде толку многу, бидејќи би внел многу калории“, заклучува Kabou.
Наместо тоа научниците планираат да прават екстракт во вид на додаток во исхраната.Истражувачи за универзитетот McGill во Велика Британија, дошле до заклучок дека глувците кои консумирале компир во големи количини, почнале да ја г



