Мислевте дека сексуалниот живот престанува во 40-тите години? Еве НА КОЈА ВОЗРАСТ сексот е најдобар!

Секој мисли дека во своите години, е најдобар во сексот. Тинејџерите мислат дека имаат најдобар секс, луѓето во средна доба мислат дека тоа одлично го прават, а која е вистината?Изгледа дека за секоја возраст се има свои позитивни страни и негативни страни кога станува збор за водењето љубов, а тоа го истакнува и познатата секс терапевтка Трејси Кокс. Иако многумина мислат дека сексуалниот живот престанува во 40-тите или 50-тите години, тоа не е точно.
1. Доцните тинејџерски години
Иако на оваа возраст нема претерана сексуална техника, сепак има многу возбуда бидејќи сексот се доживува како нешто ново. Првите оргазми секогаш се паметат на оваа возраст, но од друга страна постои една лоша страна како губење на невиност во лоши услови, неисполнети очекувања, физичка непријатност, болка и слично.
2. 20-тите години
Сексуалниот живот на оваа возраст е многу подобар, сексот е најчесто страстен и многу чест. Техниката е подобрена, а младите започнуваат со експерименти. Лошата страна е кога се применува секс без заштита кој носи ризик од полови-преносливи болести.
3. 30-тите години
Ова е период на посериозен секс, а под тоа се подразбира зрелост, познавање на сопственото тело како и телото на партнерот, но и познавање на сексуалните желби. На оваа возраст многумина основаат семејство. Лошата страна е што може да се појави монотонија во сексуалниот живот поради поголемите обврски, како и недостаток на секс.

 

4. 40-тите години
На оваа возраст децата се малку пораснати,а родителите повторно ги откриваат убавините на сексот. Сакаат да експериментираат и фантазираат, близината меѓу сопружниците е поголема што овозможува одличен секс. Кога станува збор за недостатоците, кај поголем број мажи може да се јават проблеми со ерекцијата, но сексот може да опадне и доколку постојат некакви проблеми во врската.
5. 50-тите години
На оваа возраст сопружниците стануваат партнери во вистинска смисла на зборот и имаат оформено став кон сексот. Некои истражувања покажале дека луѓето токму на оваа возраст го доживуваат најдобриот секс, тогаш се поопуштени, помалку оптоварени со животни проблеми. Лошата страна е што многу жени влегуваат во менопауза, а мажите се соочуваат со низа здравствени проблеми кои влијаат на сексуалниот живот.
6. Шеесетите, седумдесеттите години
Сексот не престанува на ова возраст, ако луѓето се витални и здрави можат да имаат одличен секс. Многубројни истражувања покажале дека некои луѓе доживуваат втора младост во сексот. Проблем може да се јави ако имаат нарушено здравје или не се доволно подвижни, смета Трејси Кокс.Изгледа дека за секоја возраст се има свои позитивни страни и негативни страни кога станува збор за водењето љубов, а тоа го истакнува и познатата

Пронајдете не на следниве мрежи: