Добро е познато дека покрај вц школката, парите, клучевите и мобилните телефони се вистински извор на бактерии.Сепак, постојат многу валкани предмети кои ги користиме секојдневно, а често не обрнуваме внимание на тоа.
Чешма
Иако можеби не би рекле, но славината поготово онаа во кујната е повалкана дури и од вц школката. Само на нејзината површина се наоѓаат 44 пати повеќе бактерии отколку во вц школката, а чешмата во бањата е повалкана 20 пати повеќе од вц даската. Токму поради ова би требало редовно да ја одржувате хигиената во бањата и кујната.
Крпи
Вистинската причина зошто крпите се еден од највалканите предмети е тоа што обично постојано се влажни што им овозможува на бактериите брзо да се размножуваат. Бактериите кои се наоѓаат на крпите се истите кои се наоѓаат во фекалиите, а дури 25,6 проценти ги чини озлогласената Ешерихија коли.
Менијата во рестораните
Доколку овие предмети ги споредите со вц школката би ве изненадил фактот дека ги има 100 пати повеќе, што менијата ги чини еден од највалканите предмети.
Даските за сечење во кујната
Овој додаток во кујната го користиме сите секојдневно, но можеби не сте знаеле дека токму даската е извор на сериозни бактерии, а ги има дури 200 пати повеќе октолку во вц школката.
Банкомат
Не се само банкнотите валкани, туку и платежните картички. Едно истражување покажало дека на платежните картички има дури 1.200 пати повеќе бактерии отколку на парите.Сепак, постојат многу валкани предмети кои ги користиме секојдневно, а често не обрнуваме внимание на тоа.
Чешма
И



