Мисли обвиени со чоколадо!

Велат дека чоколадото може да излечи сѐ, или барем да го подобри расположението. Ние можеме да се согласиме дека тоа е така.Време е да се оддадеме на убави мисли, насмевки и моменти, со неколку цитати чија тема е чоколадото, кои ќе ви дадат чувство како парче од највкусното чоколадо се топи во вашата уста.
„Сè што ви треба е љубов. Но и малку чоколадо не штети.“ – Чарлс Шулц (американски новинар).
„Чоколадото предизвикува насмевка кај сите – дури и кај банкарите.“ – Беневил Строхекнер (американски чоколаден магнат).
„Постојат четири основни групи на храна: млечно чоколадо, природно чоколадо, бело чоколадо и чоколадни тартуфи.“ – Анонимен автор.
„По консумирањето на чоколадо, човекот се чувствува како Господ, подготвен e да ги покори непријателите, да поведе армии и да го покори спротивниот пол.“ – Емили Лучети (автор и жири во светски познатото кулинарско шоу „Great Chefs“).
„Чоколадото е шампањ на сиромашните.“ – Даниел Ворона (сатиричар).
„Чоколадото е природен начин да се `очовечи` понеделникот.“ – Анонимен автор.
„Чоколадото е единствената аромотерапија која ми е потребна.“ – Јасмин Хејлер (популарна блогерка).
„Нема ништо поромантично од чоколадото.“ – Тед Ален.
„Другите работи се само храна. Но, чоколадото е чоколадо.“ – Патрик Скин Катлик (британски писател).
„Живот без чоколадо е живот во кој нешто недостасува“ – Марша Колмен Мортон (австралиска писателка).
„Кога работата ќе стигне до чоколадото, бесмислено е да се противиш.“ – Регина Брет.
„Чоколадото ја лекува несреќата“ – Џареб Тиг (писател).
„Чоколадото е одговорот. Но, кому му е гајле кое е прашањето?“ – Анонимен автор.
„Девет од десет луѓе, сакаат чоколадо. Десеттиот лаже.“ – Џон Тулиус (американски уметник).Време е да се оддадеме на убави мисли, насмевки и моменти, со неколку цитати чија тема е чоколадото, кои ќе ви дадат чувство како парче од највкусн

Пронајдете не на следниве мрежи: