Мислите на нај големиот син на Македонија – Гоце Делчев

Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?”Ќе удри утринската зора и за нас.””Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.””Ние се бориме за слободна и независна Македонија со широки права на сиромашното население.”  “Труд и постојамство, тоа е силата, со помош на која човек станува највелик при секоја иницијатива.””Браво, јуначе, дојди да ти ја стиснам раката и да те поздравам, такви и се потребни на мајка Македонија.””Делото на ослободувањето на еден народ, е пред се негово сопствено дело, на неговите сопствени раце.””Ослободувањето на Македонија се крие во внатрешното востание. Кој мисли инаку да се ослободи Македонија, тој се лаже и себеси и другите.””Да ја чуваме чистотата на ослободителното движење и на Организацијата – тоа е првиот услов за нашиот успех!””Внатрешната организација не се стреми само да им дава оружје на луѓето, ами и да го разбие нивниот ропски дух.””Јас не сакам востание со луѓе што ќе ме напуштат при првиот неуспех; јас сакам револуција со граѓани кадарни да ги понесат сите искушенија на една долготрајна борба, каква, поради жестоките политички услови, ќе биде и нашата; – или ќе водиме говеда на касапница.””Но тоа е патот за ослободувањето на народите од туѓо его. По него оделе Грците, Србите, Бугарите. По тој пат треба да одиме и ние, Македонците, за да се ослободиме од Турците.””Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот. Историјата не памети друг таков пример кога еден ист народ по традиција, јазик и вера се разделува на разни спротивни страни, една од друга потуѓа.””Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија?””Македонија има свои и нтереси и своја политика.Тие им припаѓаат на сите Македонци.Оној што сака да работи на присоединувањето на Македонија кон Бугарија,Грција или Србија,тој може да се смета за добар Бугарин,Грк или Србин но не и за добар Македонец.””Ќе удри утринската зора и за нас.””Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите.”

Пронајдете не на следниве мрежи: