За работите да бидат уште почудни, таа по породувањето е стерилизирана.Мајка на четири деца, Нина Мулхал, родила пред 17 месеци, но од тогаш неуспешно се обидува да го „реши“ својот труднички стомак. Лекарите ја подложиле на разни тестови, за да дознаат која е причина за овој редок феномен. Сепак, тие сЕ уште не знаат за што точно станува збор.
Често и се случуваат исклучително непријатни ситуации: луѓето ја прашуваат кога ќе се породи, и многу случајни минувачи ја осудуваат кога пред нив консумира алкохол, бидејќи тие веруваат дека тоа е несоодветно однесување за една бремена жена и многу штетно за здравјето на бебето.
Таа е горда на фактот што е мајка, но постојаното носење на трудничка облека ја прави депресивна и би сакала да може да биде како пред бременоста.
Иако извршила стерилизацијата по пораѓањето со своето четврто дете, таа не може да се ослободи од чувството дека можеби сепак станува збор за нова бременост:
– Знам дека не е можно да станам повторно мајка, но јас и понатака купувам тестови за бременост, само за да бидам сигурна дека не сум бремена повторно.
Таа дури и успева и да се нашали со нејзиниот изглед и се обидува работите да ги гледа од светлата страна:
– Ако ништо друго, барем ми отстапуваат место во автобус!Мајка на четири деца, Нина Мулхал, родила пред 17 месеци, но од тогаш неуспешно се обидува да го „реши“ својот труднички стомак. Лекари



