Мистерија која е стара 30 години: Биле киднапирани во 1985 а сега се најдени и тоа..

Полицијата во Роуд Ајленд соопштила дека го решила случајот на киднапираните девојчиња Кели и Кимберли Јејтс, кој е стар повеќе од 30 години.Тие се пронајдени живи и здрави во околината на Хјустон, блиску до местото каде што живеела нивната мајка – за која се испоставило дека е киднаперката. Целото семејство со години живеело под лажни имиња, пишува CBS.
Кели (32) и Кимберли Јејтс (35) биле киднапирани во август 1985 година. Ги киднапирала сопствената мајка откако по судски пат го изгубила старателството. Без знаење на таткото ги зела децата и исчезнала…
Повеќе од 30 години подоцна, полицијата ја уапсила мајката Елејн Јејтс. Детективите рекле дека на 23 декември добиле анонимна дојава која ги одвела во Тексас. Таму ја пронашле 69-годишната жена која веднаш ја обвиниле за киднапирање.Девојките не живееле со својата мајка, но не биле далеку. Пронајдени се во околината на Хјустон.Во програмата на NBC се јавил и биолошкиот татко на девојките кој изразил желба за средба со одамна изгубените ќерки.-Тие имаат татко кој ги сака и кој сака да ги види. Сакам да зборувам со нив, но на девојките е да одлучат што сакаат  – рекол Расел Јејтс.Тие се пронајдени живи и здрави во околината на Хјустон, блиску до местото каде што живеела нивната мајка – за која се испоставило дека е кид

Пронајдете не на следниве мрежи: