Еден од најголемите пропусти на американските разузнавачки служби се случила пред неколку години кога Крис Огле од Нов Зеланд купил половен МР3 плеер, а на него пронашол сигурносни податоци. Уредот за преслушување музика го купил за 9 долари, а не ни насетувал што се наоѓало на него. Кога по неколку дена го приклучил уредот на компјутер, ги пронашол податоците во дигитална форма со ознака строго доверливо.
На него се наоѓал список на мисии на американската војска во Ирак и Афганистан, за време на нивниот почеток и оружје кое ќе биде користено како и места на кои оружјето ќе биде распоредено.
Една новинарка се заинтересирала за пронајдокот на Крис, па дури и телефонски контактирала со еден од војниците од доверливиот список. Овој откако новинарката му кажала како дошла до неговите податоци и зошто го бара просто занемел и ја прекинал врската.
Официјален Пентагон дал потврда дека плеерот со овие чувствителни податоци бил „изгубен“ уште во 2005 година и дека ќе објават повеќе информации откако ќе заврши истрагата.
Огле рекол дека Американците имале среќа што плеерот завршил во пријателски раце, и дека ќе го предаде на властите.Уредот за преслушување музика го купил за 9 долари, а не ни насетувал што се наоѓало на него. Кога по неколку дена го прикл



