Остатоците од тинејџерката која починала во средниот век, биле погребани на прилично необичен начин – лицето надоле, што открива дека не била прифатена од средината во која живеела. Научниците ја истражувале причината за тоа…Костурот на „вештерката“, како што ја нарекуваат италијанските медиуми, бил ископан во септември 2014 година, во комплексот Сан Калочеро во Албенга на Лигурската ривиера, а заслуги за тоа има тимот од Понтификалниот институт за христијанска археологија во Ватикан. Локалитетот, гробницата на која била изградена црквата Свети Калочеро помеѓу 5. и 6. век, целосно бил напуштен во 1593 година.
„Девојчето лежело со лицето надолу во гробот, кој бил многу подлабок од останатите. Таа била погребана во изолиран дел на гробиштата пред црквата“, рекол археологот Стефано Роашио, кој е директор на ископувањето. Исто како другите девијантни погреби во кои починатите биле погребани со цигла во уста, заковани за земја, па дури и обезглавени или распарчени, погребувањето со лицето надолу имало за цел да го понижи починатиот и да му се оневозможи да стане од гробот, пишува National Geographic.
По деталните прегледи, било утврдено дека девојчето покажувало знаци на тешка анемија. Било откриено дека страдала од болести предизвикани од недостиг на витамин Ц.
„Секоја болест што луѓето не ја разбирале, можела да предизвика некој да биде погребан на страшен начин“, вели Кристина Кигроув од Универзитетот во Западна Флорида.Костурот на „вештерката“, како што ја нарекуваат италијанските медиуми, бил ископан во септември 2014 година, во комплексот Сан Калочер



