МИСТЕРИЈА ВО ЏУНГЛА: Изградил црква во облик на џиновска кокошка кога добил порака од Бог!

Сокриена длабоко во џунглата на Индонезија се наоѓа џиновска градба во облик на кокошка. Секоја година, голем број туристи и фотографи доаѓаат во овој дел на островот Јава каде ја истражуваат мистеријата на оваа напуштена црква.Сепак, ексентричниот архитект на ова здание тврди дека оваа градба не претставува ниту кокошка ниту црква. Даниел Алмсајх работел во Џакарта кога добил порака од Бога да изгради „куќа за молитва“ во облик на гулабица. Кога се шетал низ градот Магеланг, видел предел кој бил ист како оној од неговите соништа.
„Можеби луѓето поради тоа што сум христијанин мислат дека тоа е црква, но тоа е само место за молитва за оние кои веруваат во Бога“, вели 67- годишниот Даниел.
Сопствениците на земјиштето му го продале за само 110 фунти, а денес припадниците на различни религии доаѓаат на ова место да се молат на свој начин. Уште некоја од овие гласини кои се врзуваат за ова место е дека градбата се користела како центар за рехабилитација на зависници од дрога, хендикепирани деца, насилници и пореметени лица, што и самиот Даниел го потврдил.
Сепак оваа куќа е затворена во 2000 година бидејќи трошоците за изградбата биле преголеми, но без оглед на тоа туристите и понатаму доаѓаат и ја посетуваат. Иако нема никаква историска вредност, ова место е многу атрактивно меѓу посетителите, а некои дури и се венчале тука.

Сепак, ексентричниот архитект на ова здание тврди дека оваа градба не претставува ниту кокошка ниту црква. Даниел Алмсајх работел во Џакарта кога д

Пронајдете не на следниве мрежи: