Мистеријата е решена: Еве на кој начин на гуштерите им расте нова опашка кога ќе останат без неа!

Механизмот кој што ја овозможува оваа регенерација долго време беше мистерија за научниците, но ситуацијата е сменета.Имено, група американски научници успеале да ги изолираат гените кои предизвикуваат раст на новото ткиво кај рептилите. Ако се примени кај луѓето, ова откритие би можело да помогне во борбата против генетските малформации и оштетувањата на рбетот, пишува Хафингтон Пост.
За потребите на истражувањето, научниците детално проучиле 23.000 гени на Anolis carolinensis, зелен гуштер кој е долг околу 20 центиметри.
Неговото сложено генетско секвенцирање е извршено уште во 2011 година, но овој пат експертите го фокусирале своето внимание на гените во текот на регенерацијата на опашката, за да ги идентификуваат оние гени кои се „одговорни“ за овој феномен.

Така, научниците откриле дека најмалку 326 гени кои се наоѓаат на одредени точки долж опашката, активно учествуваат во регенерацијата што укажува на фактот дека ДНК на гуштерот поседува „рецепт“ за регенерација.
„Навистина бевме изненадени. Очекувавме дека регенерацијата ќе биде локализирана на врвот на растечкиот опаш, но всушност, клетките се поделени на различни „џебови“, вклучувајќи ги мускулите, рскавицата, рбетното ткиво и кожата и тоа по должина на целиот опаш“, рече Кенро Кусуми, кој е коавтор на студијата и професор на Универзитетот во Аризона.
Болните воспаленија на зглобовите и артритисот, кои се посебно распространети кај постарата популација, би можеле да бидат лекувани преку регенерираната рскавица, објасни Кусуми.Имено, група американски научници успеале да ги изолираат гените кои предизвикуваат раст на новото ткиво кај рептилите. Ако се примени кај луѓето,

Пронајдете не на следниве мрежи: