Уште од 1908 година, научниците се обидуваат да го дешифрираат Фестскиот диск, кога 4.000-годишниот артефакт беше откриен на грчкиот остров Крит.Никој досега не успеал да ги преведе мистериозните симболи што се врежани на глинената плоча од 1.700 година п.н.е. кога Минојската цивилизација го достигна врвот.
Д-р Гарет Овенс од Критскиот институт за теолошко образование, кој го проучуваше „минојскиот CD-ROM“ (како што на шега го нарекува), откри дека системот знаци имаат свои звуци, но и конечно го дознал нивното значење, пишува Discovery News.
– Во соработка со Џон Коулмен, кој е професор по фонетика на Универзитетот Оксфорд, шест години се обидувавме да го дадеме најдоброто толкување – напишал Овенс во мејл кој го пратил во Huffington Post.
Дискот се чита спирално, почнувајќи од надворешниот дел кон внатрешниот. Користејќи ги резултатите од претходните истражувања за критските хиероглифи, минојското А писмо и микенското линеарно В писмо, научникот го открил значењето на три збора:
– IQEKURJA, што би можело да значи „бремена мајка“ и/или „божица“
– IQE, што би можело да значи „мајка“ и/или „божица“, збор кој повеќе пати се јавува на дискот.
– IQEPAJE или IQE-PHAE, што би можело да значи „блескава мајка“ или „божица“.
Овенс претпоставува дека на дискот е врежана молитва кон некоја минојска божица.Никој досега не успеал да ги преведе мистериозните симболи што се врежани на глинената плоча од 1.700 година п.н.е. кога Минојскат



