МИСТЕРИЈАТА НА ЛЕТОТ MH370: Еве што е снимено на дното од океанот во потрагата по исчезнатиот авион!

Пред повеќе од девет месеци, авионот на Малезија Ерлајнс на летот МН370 од Куала Лумпур за Пекинг, исчезна од радарот и оттогаш му се губи секоја трага.Најголемата потрага во историјата на човештвото не даде никакви резултати.
Австралиското биро за безбедност во сообраќајот, вчера ги објави резултатите од потрагата на јужниот дел од Индискиот Океан. Беа објавени снимки од камерите кои беа поставени на бродовите со кои се пребарувало морското дно, на длабочина од шест километри.

„Станува збор за снимка која ја фатиле посебните камери на бродот GO Phoenix. Снимките откриваат важни детали за дното на океанот. Посебните камери на бродовите ни открија неверојатни податоци“ – наведува австралиското биро.
Бродовите GO Phoenix и Fugro Discovery продолжуваат со интензивни пребарувања на дното на океанот. Досега се пребарани повеќе од 9.000 квадратни километри, што е 16% од вкупната површина која треба да се пребарува (55.000 квадратни километри).
Иако водачите на истражувачкиот тим од Австралија веруваат дека се наоѓаат на вистинскиот пат да го пронајдат исчезнатиот авион, се шири сомнежот дека малезискиот авион никогаш нема да биде пронајден.
Најголемата потрага во историјата на човештвото не даде никакви резултати.
Австралиското биро за безбедност во сообраќајот, вчера ги објави

Пронајдете не на следниве мрежи: