Мистеријата на Матка

Познато е дека територијата на Македонија крие многу мистерии кои допрва чекаат да бидат откриени.
Таква мистерија крие и Матка, кадешто се наоѓа мистичната пештера „Врело“. Пештерата „Врело“ е со должина од 450 метри, а е длабока 180 метри. Оние кои ја истражувале оваа македонска пештера, сметаат дека нејзината должина е иста како и на подводната пештера во Италија, за која се смета дека е една од најдлабоките од ваков вид во Европа.
Ако се потврди ова предвидување, Македонија ќе влезе во светската мапа како земја во која е откриена една од најдлабоките подводни пештери. Постојат голем број отганизирани екипи кои се занимаваат со специфичен вид на нуркање во длабоки пештери и истражување на тајните кои ги крие дното.

Истражувањата кои се прават и на пештерата „Врело“ треба да откријат дали е возможно да се достигне дното на пештерата, која ќе донесе многу научни и спортски експедиции.
Оние кои досега нуркале, откриле дека по 100 метри се отвора еден амбис, широк од 30 до 50 метри, на кој засега не му се гледа крајот. Претпоставка е дека се влегува во еден огромен пештерски систем кој води во правец на Патишка Река. Од горниот дел на Врело земени се примероци од водата и од карпите што некаде се многу црни, а наместа црвени. Бојата на карпите зависи од минералите.
Досега не се сретнале црни минерали, затоа земените мостри и ќе се испитуваат. Резултатите ќе им помогнат и на геолозите. Можно е да станува збор за минерал за кој досега не е откриен. Пештерата „Врело“ е локалитет од светски ранг, атракција која може да привлече многу туристи. Пештерата има тесни ходници во кои може да помине само еден човек, но и места каде нуркачите можат да се одморат.
Истражувачите сметаат дека преку оваа мистична пештера може да се излезе кај Македонски Брод или кај подземното езеро меѓу Охридско и Преспанско.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Познато е дека територијата на Македонија крие многу мистерии кои допрва чекаат да бидат откриени.

Пронајдете не на следниве мрежи: