МИСТЕРИЈАТА ПРОДОЛЖУВА: Полицијата пронајде златна прачка од филмскиот грабеж кој ја крена Америка на нозе!

Една од златните прачки кои беа украдени при грабеж кој се случи на автопат минатиот месец, беше откриена во Јужна Флорида, соопшти ФБИ.„Со ова се потврдува дека некој од Јужна Флорида е поврзан со ова злосторство“, изјавил Џастин И. Флек, кој е еден од агентите на ФБИ кој ја води истрагата за случајот, пренесе Yahoo.
Припадниците на обезбедувањето кои го пренесувале златото, изјавиле при полициското сослушување дека нивниот камион со кој пренесувале пратка на злато и сребро од Флорида во Масачусетс имал механички проблем.
Тие се наоѓале на околу 80 километри од главниот град на Северна Каролина – Роли, па застанале на помошната лента. Додека биле паркирани, им пришле тројца вооружени мажи во комби, им наредиле да легнат на земјата и им ги врзале рацете на грбот. Непознатите мажи ги натерале да одат во шумата и потоа заминале со златните прачки со тежина од околу 125 килограми, чија вредност е проценета на 4,9 милиони долари.
Транспортната компанија на блиндираните возила „ Transvalue Inc“ од Мајами, понуди награда од 50.000 долари за откривање и апсење на ограбувачите.
„Со ова се потврдува дека некој од Јужна Флорида е поврзан со ова злосторство“, изјавил Џастин И. Флек, кој е еден од агентите на ФБИ к

Пронајдете не на следниве мрежи: