Мистериозна болест: Лекарите со месеци не можеле да откријат зошто девојката не можела да спие

Една американска студентка со месеци за лекарите беше мистерија.Кристина Спеирс, млада американка, со години живеела здрав живот. Вежбала скоро секој ден и уредно спиела. Но, одеднаш добила многу енергија и со ноќи не можела да спие. Одлучила да посети лекари кои со месеци не можеле да ја постават вистинската дијагноза, пишува ABC News.
Најпрво лекарите забележале дека нивото на калиум во крвта било израито ниско, но крвниот притисок и бил висок. Биле збунети и не знаеле што ги предизвикува овие симптоми.
„Тоа ме престраши. Лекарите не знаеа што ми е, а тие се лекари“, рекла Кристина.
Кардиологот претпоставил дека нешто не е во ред со нејзиното срце, но нејзината мајка предложила да и ги испитаат бубрезите.
Медицинскиот техничар кој ги прегледал нејзините бубрези бил многу збунет. Ја испратил на магнетна резонанца затоа што се сомневал дека наместо два бубрега има еден голем. Но, магнетската резонанца открила дека Кристина има тумор со големина на портокал на надбубрежната жлезда.

 
„Бев шокирана, се вознемирив. Не можев да сфатам од каде се појави“, изјавила Кристина.
Откако го откриле туморот итно била упатена на операција затоа што лекарите се сомневале дека туморот е малиген. Имено, се лачеле два хормона – кортизол и алдостерон.
Пред самата операција ураганот Сенди ја погодил болницата во која се наоѓала. Поголемиот дел од пациентите биле евакуирани, но таа поради сериозноста на ситуацијата била оперирана во подрумот.
Со операција и го отстраниле туморот, а го нарекле „леплив тумор“ затоа што се залепил и за црниот дроб на Кристина.
„Не обрнував многу внимание што нема струја во текот на операцијата, бев среќна што сум жива“, рекла Кристина опишувајќи ја операцијата после ураганот.
Речиси една година по операцијата Кристина нема канцерогени ќелии во телото, но пие лекови за туморот да не се врати.
„Еден ден сум супер, другиот ден цел ден плачам“, рекла Кристина, додавајќи дека чувствувала дека телото ја издало. Уште додава дека повторно учи да верува во своето тело.Кристина Спеирс, млада американка, со години живеела здрав живот. Вежбала скоро секој ден и уредно спиела. Но, одеднаш добила многу енергија и со н

Пронајдете не на следниве мрежи: