Таа вечер Марко излегол да се види со своите другари. Околу 3 часот после полноќ им јавиле дека нивниот другар бил претепан и дека е во кома.Ноќта измеѓу 5 и 6-ти Јуни, млад дечко истрчал до Брзата помош и рекол дека на неколку чекори до нив се наоѓа тело на младо момче. Потоа веднаш избегал.
На овој начин почнува трагичната приказна за која цела Србија денес збори.
Полицијата на лице место го идентификувала матурантот Марко Радојевич (19). Веднаш бил префрлен во болница, но поради неговата тешка состојба, во петокот на 19-ти јуни починал.
Целиот случај е мистериозен. Неговото семејство и другарите се решени да ја дознаат вистината за неговата смрт.
Во полициската управа изјавено е дека полицијата интензивно работи на случајот, но други детали не можат да бидат соопштени додека не се соберат доволно докази.
Како што кажуваат луѓето кои живеат во близина, паркот е обезбеден со камери и што и да се случило мора да е снимено.
Семејството Радојевич е во голема болка и тага. Родителите на Марко и неговиот брат со цела сила се обидуваат на некој начин да ја пребродат оваа трагедија, но тешко е да се намали болката и да се прифати губењето на своето дете.
Во болницата на нивните родители им било соопштено дека нивното дете добило излив на мозокот, иако до тогаш бил во одлична здравствена состојба.
„Неговото тело беше на обдукција пет дена и ни рекоа дека резултатите ќе ги дознаеме дури за месец дена“ – низ солзи изјавил несреќниот татко и додал дека не може да се смири се додека не дознае како и зошто неговото дете починало.
Случајот е доста таинствен. Не се знае кое било момчето кое ја известило Брзата помош и зашто веднаш побегнал. Не се знае дали постојат снимки од безбедностните камери, што сведокот изјавил во полицијата, зошто резултатите од обдукцијата треба да се чекаат месец дена и на кого му користи ова молчење.
Мистеријата за смртта на ова младо момче се уште трае.Ноќта измеѓу 5 и 6-ти Јуни, млад дечко истрчал до Брзата помош и рекол дека на неколку чекори до нив се наоѓа тело на младо момче. Потоа веднаш изб



