Мистериозна тинејџерка скита по улиците на Рим и зборува само англиски!

Голема прашина се крена околу мистериозна девојка која скита по улиците на Рим и разговара со минувачите на англиски. Некои дури сметаат дека станува збор за Меделин МекКејн.Русокосата девојка, веројатно во доцните тинејџерски години, го привлече вниманието на граѓаните поради пристојното однесување и непознавање на италијанскиот јазик. Минувачите изјавиле дека девојката одбива да земе пари, а со нив комуницира на англиски, пишува „Дејли Мејл“.
Интернетските активисти велат дека девојката личи на неколку исчезнати девојки – Аманда Адлеј која е грабната во Мичиген во 2008 година, Марија-Брижит Хенселман која исчезнала во Германија истата година, па дури и на Меделин МекКејн која исчезнала во 2007 година.
На порталот за исчезнати лица од Америка, стои: „Повеќе луѓе мислат дека тоа би можела да биде Меделин МекКејн која сега би имала 13 години. Меделин има видлива трага на левото око и според тоа лесно би ја препознале.“
Италијанската полиција не успева да го утврди идентитетот на девојката која нема документи со себе. Со денови е во иста облека, кафеава сукња, мантил и црни машки патики.
Луѓето сега се обидуваат да ѝ најдат дом.
Случајот на мистериозната девојка доби светско внимание откако приказната за неа соамна во телевизсиката емисија „Кој ги видел“.Русокосата девојка, веројатно во доцните тинејџерски години, го привлече вниманието на граѓаните поради пристојното однесување и непознавање на ита

Пронајдете не на следниве мрежи: