Мистериозни македонски легенди

Нашата мала земја Македонија, крие урбани легенди за кои сеуште нема видливи докази дека се вистинити. 
Сепак луѓето сакаат да ги раскажуваат овие македонски урбани легенди, некогаш за да ги заплашат помалите, а некогаш за да се насмеат и да си го разубават секојдневието. 
Постојат урбани легенди за кои се тврди дека се вистинити и дека многу луѓе биле сведоци, па од колено на колено ги раскажуваат низ градот и низ самата држава. 
Еве неколку од овие македонски урбани легенди:
1. Куќата на стравот во Радишани
Ја викаат куќата на стравот во Радишани бидејќи навечер некаде по полноќ, се слушале гласови кои доаѓале директно од оваа куќа. Други велат дека се гледале бели сенки околу куќата кои наликувале на духови. Што е точно, сеуште не знаеме. Остануваме на времето да покаже дали ова е уште една урбана легенда раскажувана од постарите за да ги заплашат децата или има некоја вистина. 
2. Остатоци од градби во двор на градинка
До Јаја Паша џамијата во Скопје се наоѓа една градинка во која има остатоци од градби, за кои се смета дека се од некоја постара џамија, велат форумски извори. На времето, кога оваа градинка била градена, сакале овие остатоци да се исчистат со багер, но багерот се превртел. Неколку пати се обидувале да ги тргнат овие остатоци со багер, но откако загинал некој од оние кои работеле на багерот, решиле да ги остават остатоците од градби бидејќи сметале дека се проколнати. Овие градби и денес може да се забележат во дворот на градинката покрај главната улица. 
3. Црниот камен во близина на Велес
Црниот камен во близина на Велес е карпа која е обоена во црно. Според легендата за време на турко ропство на тоа место биле погубени многу луѓе и од нивната крв карпата се обоила во црно. За некои ова место е лековито, па преку лето, местото е посетувано од многу луѓе од нашата земја и пошироко кои веруваат дека ќе бидат излечени од стерилитет, егзорцизам, разни вируси и слично. 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Нашата мала земја Македонија, крие урбани легенди за кои сеуште нема видливи докази дека се вистинити. 

Пронајдете не на следниве мрежи: