Мистериозниот син на убиениот Ким Џонг-нам, полубрат на севернокорејскиот лидер Ким Јонг-ун, се појави со порака на интернет.Во кусата и цензурирана видео снимка од 40 секунди, тој вели: „Моето име е Ким Хан-сол, од Северна Кореја и јас сум член на семејството Ким“.
Во пораката тој истакнува дека неговиот татко е убиен, како и дека живее со својата мајка и сестрата, но видео материјалот не дава никакви други податоци, за тоа кога и каде е направен.
На снимката се гледа севернокорејски дипломатски пасош, што би требало да биде знак за идентификација, но деталите од пасошот се затемнети.
Според јужнокорејските медиуми, младиот човек на видео снимката навистина е 21-годишниот Ким Хан-сол.
За таквите свои тврдења, медиумите во Сеул се повикуваат на претставник на јужнокорејското Министерство за унификација, како и на државната разузнавачка агенција.
Снимениот материјал на интернет го поставила група која себе се нарекува „Чеолима граѓанска одбрана“, која досега се нема огласено на интернет, но јужнокрејската агенција Јонхап тврди дека станува збор за група, која помага при бегствата на Севернокорејците од нивната земја.
Името на групата се поврзува за градот Чеолима, што се наоѓа југозападно од севернокорејскиот главен град, Пјонгјанг.
Појавувањето на Ким Хан-сол е првиот јавен коментар на еден член од семејството на убиениот Ким Џонг-нам.
Тој беше убиен на 13 февруари на аеродромот во Куала Лумпур, откако напаѓачите испрскаа нервен гас врз неговото лице.
Телото на полубратот на севернокорејскиот лидер се уште е во посед на малезиските власти кои сооптија дека ќе го предат само на семејството на убиениот.
Ким Хан-сол во 2012 година се има појавено во едно интервју за финската телевизија, направено во Босна и Херцеговина, каде извесно време студирал. Тогаш тој изјави дека никогаш го нема сретнато својот моќен чичко, како и неговиот дедо, сега починатиот Ким Џонг-ил.Во кусата и цензурирана видео снимка од 40 секунди, тој вели: „Моето име е Ким Хан-сол, од Северна Кореја и јас сум член на семејството