Во ливадите на планината Повлен во Србија се кријат огромни камени топки за чии необичен изглед и потекло и натприродни моќи и денес се полемизира.Најголем дел од двоумењата и погодувањето се однесуваат на настанувањето на повленските топки. Локалното население верува дека топките се чудо на природата со лековита моќ, други веруваат дека се донесени од вонземјани, а научниците изнесуваат сосема поинакви тврдења.
Според експертите, тие настанале со вулкански активности. Имено, во подводните тектонски пореметувања кои се слични на оние што денес предизикуваат земјотреси во Јапонија, пред 150 милиони години, кога на местото на планината Повлен имало море, создадени се и овие камени топки.
Но, ова објаснување не успеа да ги победи многубројните митови и легенди со кои народот ја објаснува оваа појава. И денес некој од љубезните мештани би ви раскажал како топките го симболизираат сончевиот систем, и дека вонземјаните ги изградиле и расеале по густите брда и ливади на планината.
Овие топки го заинтригираа целиот регион уште по една мистериозна особина. За нив се верува дека поседуваат лековита моќ.
Се уште може да се слушне и приказната за берачот на печурки кој пробивајќи се низ непроодните брда почувствувал силна болка во нозете. Седнал на една од топките да се одмори и веднаш почувствувал силно струење. Болката веднаш исчезнала. Има многу приказни од овој вид.
Се смета и дека топките исполнуваат желби. Доволно е само да ја допрете топката со двете раце, да замислите желба и таа ќе ви се исполни.Најголем дел од двоумењата и погодувањето се однесуваат на настанувањето на повленските топки. Локалното население верува дека топките се чудо на п