Мистериозноста за Стоунхенџ се зголемува

Прашањето за мистериозноста на Стоунхенџ одеднаш повторно се активира, откако една нова студија покажа дека под овој древен споменик постојат уште 15 непознати споменици. Експертите користеа различни техники, вклучувајќи најнови радари и 3Д ласери за да направат детална мапа за областа под Стоунхенџ,без ископувања.
Четиригодишниот “Проект за скриениот пејсаж на Стоунхенџ” покажа дека под површината на споменикот се наоѓа повеќе од што се мислело.
Еден од поновите откритија е древен канал кој го дели ровот што се протега од исток кон запад, попознат како Курсус.

Професорот Винс Гафни, археолог од Универзитетот во Бирмингем, верува дека положбата на Курсус е во склад со пролетната и есенската рамнодневница и дека веројатно служи како премин од средината на Стоунхенџ кон југот.
“Ровот и другите новооткриени споменици, “апсолутно го трансформираа” погледот на археологот кон оваа боласт” – изјави тој.
Новото истражување се надоврзува на минатогодишното истражување кое најави дека областа околу Стоунхенџ е најстариот населен регион во цела Британија, пренесе Хафингтон пост.Експертите користеа различни техники, вклучувајќи најнови радари и 3Д ласери за да направат детална мапа за областа под Стоунхенџ,без ископувања.

Пронајдете не на следниве мрежи: