Мистериозното девојче било продадено од својата мајка за 500 евра?!

Мистериозното девојче – Марија кое беше најдено во ромски камп во Грција и е наречено „русокос ангел“ било “откупено“ за 500 евра од нејзината мајка од Бугарија, ова е една од верзиите како девојчето завршило меѓу Ромите во Грција што ги објавија грчките медиуми.Освен тоа се тврди дека биолошката мајка на детето се наоѓала во Атина, а бугарските Роми во регионот знаеле детали кои би можеле да помогнат за расветлување на случајот.
Истовремено претседателот на ромската област во Атина изјави дека девојчето било оставено од родителите.
Самите родители биле во кампот од пред една недела. Тие работеле на плантажите за памук и веројатно се наоѓаат во регионот на Евија и се чекаат. Локалните медиуми пак објавуваат изјава на адвокатот на ромската двојка дадена за „Скај“ во која таа потврдила дека четиригодишната Марија стигнала во ромскиот камп во Фарсала откако нејзината биолошка мајка, која била странец, немала средства за да ја одгледува и барала начин да се ослободи од неа.
Полицијата веќе работи на откривање на канал за внесување на бремени жени од Бугарија кои се породуваат во Грција, а потоа децата ги продаваат. Според податоци на грчката полиција продажбата на дена од бугарски Роми е редовна практика. Во меѓувреме веќе се пристигнати 5.000 повици поврзани со истрагата. Многу луѓе се обратиле за да потврдат дека го виделе девојчето како проси по улицата на Лариса и на островот Крит. Семејство од Солун се сомневало дека девојчето е нивно дете, но ДНК тестот бил негативен.
Нема официјално информација дека детето било злоставувано, како што се тврдеше во некои медиуми.

Сепак потврдено е дека мажот, кој што се претставил како татко на Марија повеќепати бил во затвор поради кражби на документи односно изводи за раѓање.
Ромското семејство месечно добивало повеќе од 2.500 евра помош од државата бидејќи биле многудетно семејство. Мајката е со две лични карти и се јавува како мајка на две семејства, а мажот е татко во три семејства. Всушност двајцата имаат 14 деца од кои само четири биолошки се нивни.
Се истражува како другите деца дошле во тоа семејство. Во истиот камп биле пронајдени уште 10 деца чие потекло е непознато. 
Полицијата за денеска најави објава на снимки од двајцата родители против кои се подигнато обвинение за киднапирање и фалсификување документи. Заради трговија со деца полицијата и здравствените власти во Грција презеле голема акција по болниците и службите, пишуваат грчките весници.
Детално се прегледуваат документи и сомнителни случаи. Во рамки на акцијата се очекува да се извршат и специјални ДНК тестови.
Според весникот „Вима“ полицијата испратила специјална информација и од Интерпол за да се рашири истрагата и на Балканот.
Извор: НетпрессОсвен тоа се тврди дека биолошката мајка на детето се наоѓала во Атина, а бугарските Роми во регионот знаеле детали ко

Пронајдете не на следниве мрежи: