Во разговорот за спортскиот магазин ЕКИПА, извршниот директор на Вардар, Горан Митев, информира за пионерско-младинскиот колектив „Кирил Симоновски – Џина“ кој работи во рамките на ФК Вардар а веќе дефинитивно го враќа својот препознатлив некогашен лик.Сето тоа благодарение на новата политика на клубот, и отворените заложби на Митев, кој како идеен творец на новата поставеност на школата е свесен дека силата на најтрофејниот македонски клуб може и треба да биде единствено во сопствените деца.
„Вардаровите деца мора да играат во Вардар и тоа е моја лична заложба, од која не отстапувам, и со сите сили ќе се борам да стане реалност. Јасно е дека македонскиот фудбал не може да си дозволи којзнае какви странски засилувања. Нашата сила ја имаме пред нас. Тоа се нашите деца, тоа е нашата иднина затоа што е јасно дека Македонија раѓа голем број таленти, огромен фудбалски потенцијал на кој само треба да му се даде шанса. Иднината и темелите на Вардар и македонскиот фудбал е да се произведуваат добри млади фудбалери и истите преку учество на силни меѓународни турнири потоа би го продолжиле својот фудбалски развој и во силни европски тимви. Па преку тренинзи и натпревари во европски гиганти да се стигне и до создавање силна и квалитетна репрезентација. Затоа, максимална енергија вложуваме во поставувањето цврсти темели за школата“, вели Митев.
Последните шест месеци веќе нескриено има сериозни размрдувања во најмладите категории. Вардар во своите редови веќе во двете школи, детската и младинската, има повеќе од 270 дечиња. Нешто што само пред неколку месеци беше незамисливо…
„Добро е познато за целокупната наша спортска јавност дека кога ние дојдовме во Вардар пионерско-младинска школа и да не постоеше. Во ниту една генерација немаше доволен број деца и за да може да се натпреваруваат, а не па да се бара некаков квалитет. Сега, како во никој друг клуб, има сериозно освежување во стручниот дел со доведувањето на вардаровата легенда Александар Васоски за раководител на школата, и ангажманот на најдобрите тренерски имиња во истата. Свесни сме, од друга страна дека и инфраструктурните услови се значаен сегмент за побрз развој. Па, токму поради тоа изградено е комплетно ново помошно игралиште со вештачка трева, реконструирано еигралиштето со природна трева зад Источната трибина на “Филип Втори“ кое е со димензии и согласно прописите за одигрување натпревари. За официјалните натпревари се користи теренот на ФК Локомотива, а сега следи реконструкцијата и на игралиштето во општина Аеродром, до салата на МЗТ Скопје, кое во најблиска иднина ќе биде максимално во функција. Мора да кажеме дека за краток период стигнавме до бројка од околу 270 дечиња во школата, веќе се оформени осум натпреварувачки генерации кои се вклучени во регуларниот лигашки натпреварувачки систем. А, тенденцијата е до пролетниот дел од сезоната бројката да порасне за уште плус околу 100 дечиња, затоа што ги имаме сега веќе максималните услови за тоа“ дополнува извршниот директор на Вардар.
Целта на Митев е школата на Вардар да биде централното место кое ќе го собира најголемиот индивидуален потенцијал од цела Македонија.
„Целите и политиката на клубот е да се соберат најквалитетните деца од цела Македонија и школата да почне да произведува квалитетни играчи кои ќе почнат да играат во првиот тим. Веќе дефинитивно време е ФК Вардар и неговата школа повторно да бидат магнет само за најдобрите“, истакнува Горан Митев.
извор. Фк.ВардарСето тоа благодарение на новата политика на клубот, и отворените заложби на Митев, кој како идеен творец на новата поставеност на школата е свесен