Еден од повеќето проекти кои што би го издвоил е кампањата за здрава храна, здравјето е избор и таа кампања на владата на Република Македонија наиде на многу позитивни критики. Секогаш кога е во прашање јавното здравство, односно превенцијата не секогаш е видлива во истиот момент, туку резултатите доаѓаат години и децении подоцна, вели доктор Александар Митов, советник за здравство на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.-Има неколку позитивни ефекти кои што можеме да ги кажеме уште сега: Прво темата за здрав живот и за здрав начин на живеење се отвори и стана многу поприсутна, можеби беше присутна и претходно, но сега може да се види, на социјалните мрежи, на утринските програми, на телевизиите, а со ова може да се види и како кампањата по ова како стана начин на живеење. Втората придобивка која би ја истакнал е придобивката на индивидуално ниво, имено познавам луѓе кои биле инспирирани од таа кампања да направат нешто и на тој начин да го подобрат своето здравје. Третата придобивка можеби и најбитна е придобивката која се однесува на здравствениот систем, бидејќи здравствениот систем со ова би заштедил огромни средства што потоа би ги пренасочил кон други активности, истакна Митов.
Тој исто така вели и дека превенцијата и тоа како е паметна и исплатлива работа, тој посочи на најпознатиот пример во Финска каде што за 35 годишен период смртноста од срцеви удари е намалена за 85 отсто, но сепак за да се случат овие придвижувања бараат многу подол долгогодишен период.
-Владата инвестираше во тој ангажман и ние во иднина само можеме да ги чувствуваме придобивките од тој ангажман, потенцираше Митов.-Има неколку позитивни ефекти кои што можеме да ги кажеме уште сега: Прво темата за здрав живот и за здрав начин на живеење се отвори и стана многу