Митови и дилеми – Како да се чуваат и како да се употребуваат овошните сокови?

ЗА ПОЧЕТОК, ИЗБЕРЕТЕ БРЕНД ОД ПРОИЗВОДИТЕЛ НА КОЈ ШТО МУ ВЕРУВАТЕВива: “Квaлитетот од фабрика го селиме и во фрижидерот на нашиот потрошувач”
Многу урбани митови се плетат околу тоа колку трае неотворен или отворен сок, чуван на полица или во фрижидер, 100 процентно или не, еден вкус или коктел… Навистина, има многу дилеми и отворени прашања, достојни и за Адам и Џејми од популарните The MythBusters.
Како да се постапува со неотворен или отворен овошен сок? Индустријата на производство на овошни сокови пропишала стандарди  кои што се изградени врз основа на повеке елементи:вид на пакување,начин на подготовка,видови на употребено овошје. Но, по излегувањето од фабриката, има и дополнителни фактори кои што не зависат од производителот: начинот на транспорт, дистрибуција и достава до малопродажните места, начинна складирање и чување таму, кој што може битно да влијае на квалитетот на производот. Како трета финална алка е кога тој производ ќе дојде во рацете на крајниот консумент и како тој постапува со неотворениот или отворен овошен сок.

Токму заради овие отворени дилеми, Вивакс – најголемиот македонски производител на природни овошни сокови, нектари и пијалаци под брендот Вива, отпочна со своевидна едукативна кампања за своите партнери во транспортот, дистрибуцијата и малопродажбата, со цел нагласување на важноста од правилното постапување при достава  на соковите до крајните консументи. “Стратешката определба на Вива е на потрошувачот секогаш да му понудиме квалитетен и безбеден производ за консумирање. Нашето производство е во чекор со најсовремените светски трендови во индустријата и ние сакаме тој супериорно квалитетен производ така и да дојде до потрошувачот. Затоа, сме благодарни до нашите партнери во доставата за нивниот грижлив однос кон производите и сега таа релација сакаме да ја поткренеме на повисоко рамниште. Целта е едноставна: квалитетот од производствената лента адекватно да го преселиме и во фрижидерот на нашиот потрошувач”, велат одговорните од Вива.
 Во оваа кампања, во Вивакс разработија своевиден протокол за постапување со производите во однос на товарањето, складирањето  и чувањето на пакетите со соковите на овој наш најголем бренд во оваа индустрија и единствен македонски производител на природни овошни сокови со асортиман од повеќе од 50 производи во своето производно портфолио.
Овошен сок има  животен век од околу 12 месеци секако под претпоставка дека до таму бил соодветно доставен. Доколку се чува на несоодветно место, на екстремни температурни услови, или изложен на директна сончева светлина  може да бидат предизвикани предвремени промени на бојата и во екстремни услови и на вкусот, но ако се чува како што е пропишано од производителот (инструкциите може да ги прочитате на позадината на пакувањето), сокот не губи на квалитет, на вкус и на употребливост. Отворените овошни сокови треба да се  чуваат во фрижидер и да се употребат во рок од 3 дена. Меѓутоа, за потполно да бидете сигурни за тоа што добивате за своите пари и да бидете сигурни во препораките на производителот, единствено што треба да направите е да изберете бренд од производител на кој што му верувате.Вива: “Квaлитетот од фабрика го селиме и во фрижидерот на нашиот потрошувач”
Многу урбани митови се плетат околу тоа колку трае

Пронајдете не на следниве мрежи: