Митови за Исламската држава и американската војска

Реалноста е дека околу 50.000 вооружени верски фанатици во Сирија и Ирак создаваат територија под нивна контрола и организираат државна власт по принцип на сурова верска исклучивост. Тука важи само едно правило: Ако не си со нас, тогаш си мртов.Од наведените 50.000 припадници, околу 10.000 се дојденци од Европа, САД, Авганистан, Пакистан или други држави надвор од Блискиот исток. Со тоа, вмешаноста на Европа и САД во ова движење е непосредна.
Затоа САД промовира неколку теории кои создават погрешна слика за Исламската држава, а кои главно служат само за политички цели.
Политичкиот аналитичар од САД, Арон Дејвид Милер, за угледниот американски онлајн портал Foreign Policy (Надворешна политика) ги објаснува заблудите на дел од американската јавност која нема јасна претстава за појавата на Исламската држава, туку го следи американски стереотип за добрите (Американци) кои секогаш ги победуваат лошите, и дека сѐ е јасно: само треба да се изврши и заврши на сила.
Тој демистифицира пет митови на американското општество кое верува во брз и целосен успех на борбата против џихадистите на Исламската држава со примена на сила, откако неодамна Американските и сојузничките сили започнаа воздушни напади врз нивните центри во Сирија.

Исламската држава (ИС) може да биде ослабена, но не и сосема уништенa. Ова тврдење е побивање на првиот мит.
Авторот пишува дека вториот мит за семоќноста на американската авијација на блискиот исток е лага. Без копнена интервенција, Исламската држава нема да доживее сериозни удари. Бомбардирањето на стратешки цели ги ослабува но, ако нема соработка со соседните исламски држави и нивна интервенција против исламистите, нема ни траен успех.
Третиот мит е дека тероризмот претставува стратешка закана за Соединетите Држави. Милер ова го смета за неосновано тврдење. Во прилог на тоа, Милер изнесува изрични податоци – минатата, 2013 година, во терористички напади загинале 16 Американци (во споредба со дури 18.000 загинати од тероризам во светот). 
Појаснувањето дека тероризмот на Исламската држава е витална опасност за САД е свесно измислена и надувана појава. Затоа, тој споредува: Тероризмот лани уби 16, а од гром загинаа 23 Американци. Во една година во САД живот губат повеќе од 33.000 лица во сообраќајни несреќи, а речиси шест милиони од срцеви заболувања.
– Секогаш ќе има агресивни поединци вон разум и контрола како случаите на пукање и масовни убиства во Колумбија и Њутаун, но тоа е пред сѐ работа од лични мотиви без политичка или верска заднина, и задача на државата е да се позанимава со овој социолошки и безбедносен проблем, обезбедувајќи поголема контрола на оружјето кај граѓаните.

Милер исто така го побива и четвртиот мит, а тоа е дека преку интернет порталите и медиумите кои широко се распространети во САД, се шират политиките и пасивноста на Обама кои довеле до зголемена закана од исламистите. Тој добива и многу критики на негова сметка поради поставувањето на американски војници на таа територија.
Прво, нема причина за нивно понатамошно останување таму, бидејќи борбите се случуваат помеѓу нивните верски групи, а САД направи многу за создавање стабилна ирачка армија. Парламентот и владата во Ирак одлучија да не одобрат останување на американската војска, а не властите на САД.
„Насилствата во Ирак и Сирија се последица на дисфункционални држави, што создава идеална средина за развој и зајакнување на силни радикални вооружени групи, како што е сега случај со сунитските исламисти”, вели Милер.
Тој се спротивставува и на петтиот мит, дека новата ситуација – американско бомбардирање на вооружените исламисти објавува сојузништво на САД со сирискиот претседател башар ал Асад, со Хезболах, со Иран… кои се цел на исламистите.
Овие пет митови постојат веќе со децении и врз нив се базираат сите воени акции на САД низ светот: (1) се маркира непријател. (2) Му се дава карактер на силен и опасен, (3) се гради перцепција дека како таков е сериозна закана за САД, (4) армијата добива задачи и пари да го уништи и (5) тој е уништен, јавноста е задоволна, а трошоците оправдани… сѐ додека не се појави нов непријател – кога ќе затребаат нови пари, нови дефокусирања од тоа дека САД е единствена голема демократија во светот која нема гарантирано здравствено осигурување, и кога некој претседател ќе најави намалување на воениот буџет на САД.Од наведените 50.000 припадници, околу 10.000 се дојденци од Европа, САД, Авганистан, Пакистан или други држави надвор од Блискиот исток. Со тоа, в

Пронајдете не на следниве мрежи: