Митови за салото на стомакот, на кои треба да заборавиме!

Никој не сака да биде дебел. Постојат луѓе кои поради некои здравствени проблеми (на пример, хормонален дисбаланс) на можат да ги отстранат вишокот килограми, но постојат и такви кои никако да се наканат да ја „дупнат лажичката“. И кај едните и кај другите масните наслаги не можат да донесат ништо добро. Еве неколку митови, кои се однесуваат а прекумерните килограми, во кои верувавме, но на кои треба што побрзо да заборавиме.
Салото на стомакот ги штити коските
Не е изненадување дека салото на стомакот е лошо за срцето и белите дробови, но неодамнешните истражувања покажуваат дека е лошо и за нашите коски. Висцералното масно ткиво, она кое ги обвива органите, поврзано е со густината на коските. Универзитетот Харвард дури пронајде врска помеѓу стомачното масно ткиво и остеопорозата кај мажите во раните триесетти години.
Зелениот чај ги убива масните наслаги
Би требало да испиете седум шолји чај за да го достигнете нивото на катеинот (антиоксиданс одговорен за топење на мастите) кој им се дава на лицата во истражувањата. Зелениот чај е здрав пијалак и нема калории ако го подготвувате сами и не додавате шеќер, но не очекувајте чудо доколку тоа е единствената промена која сте ја внеле во исхраната.
Калорија е калорија (а сало е сало)
Студиите на Универзитетот Упсала и Институтот Каролинска во Шведска ја разрешија оваа заблуда засекогаш. За време на истражувањето, 39 мажи секојдневно во тек на седум недели јаделе мафини, една група со заситени масти (палмино масло), а друга со незаситени масти (сончогледово масло). Мажите од двете групи добиле на килажа, но групата која јадела заситени масти добила значително повеќе сало околу стомакот. Кај оние кои јаделе мафини со незаситени масти, тежината била рамномерно распределена на телото.

 
Телото во облик на круша е поздраво од облик на јаболко
Докторите долго време сметаа дека салото кое се таложи околу бедрата и задникот не е опасно како она кое се собира на стомакот и половината, бидејќи тоа содржи метаболички активни клетки кои поттикнуваат отпорност на инсулин и го зголемуваат ризикот од дијабетес и болести на срцето. Но, студија од 2013 година покажа дека глутеалните масти не се толку безопасни. Кај луѓето со метаболички синдром ова ткиво излачува абнормални нивоа на протеини кои исто така може да доведат до воспаленија и отпорност на инсулин. Вишокот масно ткиво е нездрав, без разлика каде се наоѓа.
Шетањето или трчањето согорува 100 калории
Колку калории ќе согорите зависи и од вашиот метаболизам. Сигурно сте сретнале многу вакви проценки – возење собен велозипед согорува 600 калории на час. Пливање 20 кругови согорува чоколатце. Но, ова се само бројки кои се проценка, а зависно од вашиот метаболизам може да согорите помалку или повеќе калории. Дури и две жени на иста возраст и со ист индекс на телесна маса различно ќе согорат калории преку иста активност.
Вишокот на килограми е во ред се додека индексот на телесната маса е добар
Иако индексот на телесната маса е моментално најдобар показател дали некој е со нездрава телесна тежина или дебел, стручњаците се согласуваат дека тоа не е сигурен знак. Еве неколку митови, кои се однесуваат а прекумерните килограми, во кои верувавме, но на кои треба што побрзо да заборавиме.
С

Пронајдете не на следниве мрежи: