Претседателот на ССМ Живко Митрески денеска на прес-конференција рече дека лицата кои се обиделе да го сменат на нелегитимен начин нема да се отргнат од одговорноста и од кривичните санкции што ги очекуваат.– Не ќе може да се отргнат од фактот дека наводниот претседавач потпишал обичен лист хартија и фалсификувал исправа, а во содејство со четворицата грански опозициски настроени претседатели злоупотребувајќи ја својата функција, техничката министерка потпишала решение со обид да го промени легитимно избраниот претседател и раководство на ССМ, рече Митрески.
Според него, министерката Ременски била свесна дека се работи за фалсификувана документација која не е потпишана од соодветно лице и оти за свикување седница на Советот на ССМ потребно е претходно да се реализира постапка пред органите и телата на гранските синдикати.
– Ваква иницијатива не постои, воопшто нема седница на Претседателството на ССМ, ниту пак 13 грански синдикати знаеле за овој обид преку фалсификување на документи да дојде до смена на Претседателот на ССМ и раководството на ССМ, рече Митрески, посочувајќи дека на прес-конференцијата на која го објавил овој случај биле присутни претседателите на 13-те гранкови синдикати од кои било потенцирано дека не е водена никаква постапка, ниту иницијатива за отповикување.
Оттука, според Митрески, ноторна лага е изјавата на в.д. претседателот на ССМ дека Советот бил свикан со присуство на членови на Советот од други синдикати.
– За овој историски скандал по поведената постапка пред Јавен обвинител поднесена е Кривична пријава против техничката Министерка Ременски и други лица. Јавното обвинителство ја стопира постапката за уписот и промената на раководството и Претседателот на ССМ поради очигледен фалсификат и покрена соодветна кривична постапка, рече Митрески.
Тој додаде дека за овој случај добил поддршка од репрезентативните синдикати и централи од подрачјето на поранешна Југославија, како и од светкото и европското синдикално движење кои упатиле остра осуда за случајот. За ова, како што велат од ССМ, остварени се и средби со претставници од Европската унија.– Не ќе може да се отргнат од фактот дека наводниот претседавач потпишал обичен лист хартија и фалсификувал исправа, а во содејство со четвор