Извозот од индустриските зони бележи континуиран раст. Во првите три месеци извозот на странските компании од зоните изнесува 429 милиони евра и бележи раст од 33 проценти. Во третиот месец, односно март е забележан рекордниот извоз на овие компании од 165 милиони милиони евра, изјави денеска директорот на Дирекцијата за ТИРЗ Виктор Мизо.Истакна дека е зголемено производството од сите компании во ТИРЗ, вклучувајќи ги оние во ТИРЗ Скопје и Штип, како и активностите на КСС во Кичево, ОДВ Електрик во Охрид и Гентерм во Прилеп.
– Во март годинава извозот е рекордни 165 милиони евра, кој е за 20 милиони повеќе од претходниот псотигнат рекорд, рече Мизо во изјава за медиумите.
Додаде дека во јануари извозот од зоните бележи зголемување за 14 отсто, во февруари 36 отсто, додека во март 48 проценти, во однос на тие месеци лани.
– Зголемување на извозот расте и тој тренд ќе подолжи. Планиравме 10 проценти раст, а во првите три месеци од годинава забележавме 33 проценти, посочи Мизо и додаде дека увозот во овие месеци изнесува 310 милиони евра, а извозот 429 милиони и оти тоа значи дека има додадена вредност од 120 милиони евра.
Извозот од зоните во вкупниот извоз во првите два месеца од земјава учествува со над 30 проценти. Од вкупно 633.515 илјади евра, од зоните извозот учествува со 263 милиони евра.
Според објавените податоци од Државниот завод за статистика, вкупниот извоз во првите два месеца бележи раст од 7,2 проценти.
Дирекцијата за ТИРЗ врз основа на зголемениот обем на работа и дополнителни законски ингеренции по трет пат објавува оглас за пополнување четири работни позиции. Дриекторот Мизо вели дека огласот го објавуваат подолг период и оти не можат да најдат соодветни кадри.
Се бараат три лица, градежни инженери и архитекти, кои ќе бидат задолжени за градба, основање и следење на она што значи градење во зоните и една позиција е економист во делот на следење и контрола на целиот процес на државна помош.Истакна дека е зголемено производството од сите компании во ТИРЗ, вклучувајќи ги оние во ТИРЗ Скопје и Штип, како и активностите на КСС во Кичево,