МКФ и тимот на д- р. Жан Митрев потпишаа нов договор за соработка

Преку оваа заедничка соработка, тимот на д-р. Жан Митрев во наредните две години ќе ја преземе грижата за здравјето на кошаркарите и кошаркарките од кадетската, јуниорската, младинската и сениорската репрезентација.  Меморандум за соработка потпишаа Македонската Кошаркарска Федерација и тимот на д-р. Жан Митрев. Преку оваа заедничка соработка, тимот на д-р. Жан Митрев во наредните две години ќе ја преземе грижата за здравјето на кошаркарите и кошаркарките од кадетската, јуниорската, младинската и сениорската репрезентација.  
Претседателот на Македонската Кошаркарска Федерација, Петар Наумоски и Академик д-р. Жан Митрев со официјализирањето на договорот уште еднаш ја повторија заедничката и успешна соработка што постоеше во времето на најголемиот успех на нашата сениорска репрезентација, на патот кон историскиот четврто место на Евробаскетот во 2011 година во Литванија.
Продолжувањето на еднаш потврденото партнерство е само доказ дека успешни во својата работа, тимовите на МКФ и тимот на д-р. Жан Митрев, меѓусебно се надополнуваат со единствената цел, поголеми успеси за македонските кошаркарски репрезентации.Меморандум за соработка потпишаа Македонската Кошаркарска Федерација и тимот на д-р. Жан Митрев. Преку оваа заедничка соработка, тимот на

Пронајдете не на следниве мрежи: