Млада жена почувствувала чудно чешање, не ни сонувала дека ја нападнал најподмолниот тумор

Лиам Кросли мислел дека тој и неговата вереница Луси  биле на прагот на светла иднина. Требало да се венчаат, а таа добила работа од своите соништа. Парот од Лидс тогаш преживеал ноќен кошмар.Луси во јуни 2013 година  почувствувала чешање по целото тело. Веднаш му јавила на вереникот.
„Никогаш не беше личност која крева паника без причина, така што веднаш знаев дека нешто не е во ред. Отиде на доктор и  ѝ дадоа крема за кожа. За жал, стануваше се полошо. Кожата ѝ отекуваше од чешање. Потоа докторите помислиле дека сигурно се работи за алергија. Не беше“, раскажува вереникот.

Никому не му  падна на ум  дека девојка стара само 27 години заболела од рак. Во нејзиниот црн дроб имало  тумор.
„Кога ѝ кажаа дека заболела од рак, се скрши. Се обидов да не плачам, да бидам силен за неа, но се почувствуваме безнадежни“,  вели Кросли.
Тумурот бил едвај видлив, голем само  неколку милиметри, но се покажал како кобен. Ракот на жолчните канали бил во пораст.
Во 2010 година биле дијагностицирани 1832 случаи од кои 1720 биле смртоносни, а три години подоцна 1965, а 2161 починале.

 
Овие тумори  се толку мали и подмолни што дури и скенерите не можат да ги предвидат. Тивко напаѓаат се додека личноста  не пожолти од зголемените токсини во телото, тогаш веќе подмолната болест напреднала и борбата станува се потешка,  па со самото тоа и смртноста од овој  вид на канцер е голема.

Луси, за жал, била еден од таквите случаи.
„Резултатите беа застрашувачки. Нејзиниот билрубин беше 395, а требало да биде 17. Добила внатрешно крварење поради туморот, беше однесена на интервенција, но никогаш не се разбуди од анестезија. Почина на 29 години. Сепак, успеавме да се венчаме три месеци пред тоа. Би сакал луѓето да знаат повеќе за овааа болест за никој да не ја почувствува болката која ја чувствувам јас“.Луси во јуни 2013 година  почувствувала чешање по целото тело. Веднаш му јавила на вереникот.
„Никогаш не беше личност која крев

Пронајдете не на следниве мрежи: