Младенов со својот „мерцедес„ свртел два круга Скопје-Велес?

Членовите на семејството на Никола Младенов, кој пред три дена загина во сообраќајка на автопатот Е-75, непосредно во близина на влезот на Скопје, велат дека Младенов излегол од дома вечерта во 20 часот без да каже каде ќе оди, пишува Нова македонија. 
Информациите од истрагата покажаа дека околу 20:30 часот, Младенов ја поминал првата патарина на автопатот Скопје-Велес. Дваесет и една минута подоцна од минувањето на наплатната рампа „сопот“ во 21:10 часот, автомобилот на Младенов ја минал наплатната рампа „Отовица“. Тоа е наплатната рампа која се наоѓа од другата страна на езерото, на автопатот од Велес кон Скопје, што значи дека тој само направил круг.
Во 22:04 часот „мерцедесот“ повторно бил на патарината „Сопот“, а во 22:50 часот, повторно минал на „Отовица“, враќајки се назад кон главниот град, но за жал никогаш не стаса.
Две важни прашања остануваат неодговорени, откако Нова Македонија напиша за пронајдените докази, односно двете фискални сметки од наплатните рампи.
Прво, разликата во времето помеѓу првото поминување на двете патарини од 20:49 до 21:10 часот, каде што разликата е 21 минута за поминување на двете патарини. Додека пак второто поминување на истите патарини, но од правец Велес-Скопје има разлика од 46 минути. Тоа значи дека во вториот круг Младенов или возел побавно или во меѓувреме некаде застанал дали кај Велешко езеро иливо Велес, за да се одмори или поради нешто друго. Тоа никогаш не би можело да се утврди.
Второто, важно прашање е зошто Младенов тргнал со својот „мерцедес“ по автопатот Скопје-Велес-Скопје, за да сврти два круга? Засега единствено објаснување дадено од неговите блиски пријатели е дека сопственикот на „Фокус“ имал обичај да се вози сам на автопатот, едноставно само за да се „издува“.

 
 Членовите на семејството на Никола Младенов, кој пред три дена загина во сообраќајка на автопатот Е-75, непосредно во

Пронајдете не на следниве мрежи: