Македонската репрезентација за играчи до 20 години обезбеди пласман на ЕП во Австрија кое ќе се одигра од 24.јули до 3.август.Триумфот над Исланд од 21-15 беше само потврда на квалитетот на Македонија, зрелоста на ракометарите да играат и со фаворизирани ривали, да го носат притисокот на настап пред домашна публика, но и да одиграат маестрално и да порачаат дека нивното време допрва доаѓа.
На квалификацискиот турнир кој се одигра во Скопје, нашите надежи со три победи против Италија, Грција и Исланд го освоија првото место во групата и обезбедија пласман на завршницата на континенталниот турнир.
Овие момчиња ја направија Македонија горда и воедно ни порачаа дека нема за што да се грижиме бидејќи според она што го прикажаа, имаме ракометна иднина. Инаку, по десет години пауза Македонија повторно ќе игра на младинско ЕП.
Извор: kurir.mkТриумфот над Исланд од 21-15 беше само потврда на квалитетот на Македонија, зрелоста на ракометарите да играат и со фаворизирани ривали, да го носа