Младинската екипа на Вардар е поканета во Лигата на шампионите

УЕФА ги покани младинците на нашиот тим да учествуваат во Лигата на шампионите оваа сезона. Ждрепката е на 30 август кога нашиот тим ќе го дознае противникотМладинската екипа на Вардар ќе учествува во Лигата на шампионите. Ова е одлука на УЕФА која оваа година се реши да ја прошири младинската Лига на шампионите. Нашиот тим доби понуда да учествува и да се натпреварува како како минатосезонски прваци во домашниот шампионат, и ќе имаат можност да играат во новиот формат наречен „Домашна патека на младински шампиони“ или на англиски „Domestic champions path”.
„Домашна патека на младински шампиони“ е натпреварување кое ќе почне да се применува од оваа сезона. 32 екипи ќе играат 1/16 финале со ждрепка која ќе се одржи на 30 август во Нион, со што „црвено-црните“ ќе го дознаат противникот. Потоа се игра дома гости, и подобриот се пласира во 1/8 финале. Од таму повторно со ждрепка ќе бидат одредени противниците, а оние екипи кои ќе триумфираат и во оваа фаза со што ќе обезбедат 1/4 финале, ќе вкрстат со второпласираните од групната фаза од младинската Лига на шампиони.
Во групната фаза од младинската Лига на шампиони ќе играат младинските екипи на сениорските тимови кои се пласираа во неа. Тоа значи дека оваа во која ќе игра Вардар ќе биде паралелна со младинската Лига на шампиони која се одржуваше и до сега, и потоа ќе се „вкрстат“ едни со други во февруари идната година.
Така Вардар може да се падне на пример со екипи како Рома од Италија или Малага од Шпанија, Ајакс од Холандија, кои беа младински прваци во своите првенства, а нивните сениорски тимови не обезбедија пласман во младинската Лига на шампиони.
Вардар ќе треба да мине барем две кола, за да остане во Европа и да игра во февруари, односно два противника. Првиот натпревар се игра на 27/28 септември а реваншот на 18/19 октомври. Доколку обезбеди пласман во следната фаза, во втората рунда првите мечеви се на програмата 1/2 ноември, а реваншите на 22/23 ноември.
Ова е како резултат на тоа што УЕФА се реши да ја прошири младинската Лига на шампиони, и да им даде шанса и на повеќе екипи да играат, а како цел да се развијат и младинските екипи и младите играчи со оглед дека ова за нив ќе биде од големо искуство.
Младинската екипа на Вардар е предводена од Љупчо Марковски и ќе треба да се подготвува за овој предизвик кој ќе донесе големо искуство на играчите кое ќе им помогне во нивните понатамошни кариери.Младинската екипа на Вардар ќе учествува во Лигата на шампионите. Ова е одлука на УЕФА која оваа година се реши да ја прошири младинската Лига

Пронајдете не на следниве мрежи: