„Книгата го заслужува сопствениот престиж од една и единствена причина – книгата е средство што ни помага да живееме во сопствената мудрост, добрина и разум, затоа 17 години на Булеварот на книгите го славиме зборот и словото“, истакнува Весна Огњанова.Традиционално, од 20-ти јануари Клубот Матица го започнува Саемот на книгата „Книга во секој дом“.
Годинава со поднаслов „300.000 книги во Матица“, читателската публика ќе може да си избере наслови од комплетната домашна и странска продукција. Во соработка со повеќето македонски издавачки куќи и реномирани светски и регионални издавачки компании како Харпер Колинс, Парагон, Орион, Делфи, Вулкан и Лагуна ќе бидат понудени најновите остварувања од домашната и светска прозаистика, архитектура и уметност, најчитаните наслови и автори од областа на економијата, филозофијата, гастрономија и лексикографија, историја и поезија, енциклопедии, книги за најмладите, креативни проекти итн.
Во деновите што следат, посебен акцент е ставен на средби со читателите на младите и веќе докажани автори, Вера Калин, Ксенија Николова, Ана Бунтеска, Евгениј Хоуп, Марија Лозаноска, Јован Илиески и Драган Јованов.
„Ваквиот начин на комуникација автор-читател ги потврдува нашите ставови дека кај нас има млади, талентирани автори кои знаат да направат светска приказна, а читателите знаат и умеат да го препознаат тоа“, велат од Матица.
Покрај домашните автори, на Саемот ќе бидат понудени најновите остварувања на светски познатите Баркли, Каризи, Рајли, Љоса, Зафон, Лејкер, Ноухаус, Содерберг, Сарамаго, Кобен и други.
Како што истакнуваат од Клубот, основната девиза на организација на ваквите манифестации е културата да се наметнува, а традицијата се одржува. Врз основа на оваа порака, 17 години преку „Книга во секој дом“ Клубот Матица ја создава и гради навиката и Традиционално, од 20-ти јануари Клубот Матица го започнува Саемот на книгата „Книга во секој дом“.