Младите бараат работа, а Заев им ветува воздух

Ветениот живот за младите изгледа ќе остане само уште едно од многуте лажни и неисполнети ветувања на Владата на СДСМ, младите коментираат дека наместо големите ветувања кои ги добија од премиерот Зоран Заев во предизборниот период за парламентарните избори, добиле само едно големо разочарување. Тие велат дека сега Заев како да ја потценува интелегенцијата и главно ветување му е чист воздух, а без никако план како тоа би го исполнил.Во својот „План за живот во Македонија“ премиерот Зоран Заев гордо најавуваше дека ќе ги врател назад во државата младите кои се иселиле, но како и кога се во прашање најголемиот дел од ветувањата на СДСМ ова е премногу далеку од исполнување. Тоа барем го покажуваа податоците и бројот на младите кои се иселиле од држвата во првите три месеци од владеењето на СДСМ. Досега новата Влада нема реализирано ниту еден проект за младите, што како што велат самите млади е поразително за една држава.
Според податоците во првите три месеци од владеењето е СДСМ од Република Македонија се иселиле 20.000 млади лица. Експертите велат дека со моменталните политики на новата власт нивниот број само ќе расте, бидејќи не гледаат начин како младите би се мотивирале да останат во државата.
Пред скоро една година Шеќеринска гордо се фалеше дека тие имале план како да ги задржат младите во Македонија, планот кој очигледно е само еден од многуте неуспешни планови и лаги на СДСМ.
-Имаме план како младите да останат тука во Македонија, тука да формираат семејство, тука да најдат работа, тука да ја градат својата иднина. ВМРО-ДПМНЕ и Груевски имаа десет години да го сторат тоа. Да понудат пристоен живот и еднaкви шанси за сите, но тоа не го сторија. Тие сметаат дека најважно од сѐ е да ги полнат своите џебови и сметки низ рајските острови, изјави лани во ноември Шекеринска.
Пред две години пак премиерот Заев, за чие владеење од само три месеци како што веќе пишавме се отселиле 20.000 млади луѓе, оние кои треба да бидат двигатели на општеството, пред граѓаните ветуваше дека ќе ги враќал и оние веќе се иселени од државата.
-Ќе ја нормализираме нашата земја, ќе ги вратиме институциите, ќе отвориме квалитетни работни места за да го вратиме овој моќен извор во земјата, младата популација, и заедно да ја градиме иднината на нашето општество, изјави Заев во октомври 2015 година.
СДСМ пред изборите им ветуваше брда и долини на младите и студентите, а веднаш откако дојде на власт заборави на се она што го излажа пред изборите и им го сврте грбот на младите. СДСМ не даде поддршка на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери, а со тоа ги спречи студентите да добијат 18.600 денари за набавка на компјутери, кој беше само еден од многу проекти на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за младите.
Младите велат дека се чувствуваат изневерени и разочарани од лагите кои ги слушале од Зоран Заев, Шеќеринска и СДСМ, кои цело време го обвинуваа ВМРО-ДПМНЕ дека работи против младите, а како што самите млади велат, во периодот на ВМРО-ДПМНЕ за младите било направено, многу повеќе од било кога. Младите добија многу поволности, како што се бесплатен автобуски и железнички превоз за студентите и средношколците, бесплатна посета на театри, на музеи, како и на многу други културни настани. Еден од најголемите проекти за младите беше и ослободувањето на фирмите од плаќање придонеси за лица до 29 години, со што младите многу полесно доѓаа до работно место.
Заменикот на Зоран Заев во партијата и сега министер за одбрана во Владата на СДСМ, Радмила Шеќеринска лажно ветуваше и младинска гаранција за граѓаните, која младите се уште ја чекаат, но новата власт заборави на ова веднаш откако седнаа во фотелјите, а младите се плашат дека ова ќе биде само уште една од многуте лаги искажани од Шеќеринска и Заев.
-Проектот гаранција за млади ќе значи дека државата ќе им гарантира на сите млади граѓани во Македонија, дека веднаш во завршувањето на образованието, во рок од 4 месеци или ќе може да го продолжи образованието, или ќе добие понуда за работа, или да добие можност за практика, обука или тренинг, со кои што ќе се прилагоди на потребите на некое работно место кое што е на располагање, пред изборите лажно ветуваше Шеќеринска.
Младите се разочарани и од односот на оние кои треба да бидат нивни претсавници и да ги штитат нивните права, а во минативе 3 месеци ги нема никаде. Голем дел од нив коментираат дека Стефан Богоев, кој сам се претставува како другар на сите млади, дека другарот ги напуштил за да си стане градоначалник, тие се разочарани и што гласните за време на Шарената револуција Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ сега ги нема никаде и молчат за сите лоши политики на СДСМ.
Од ВМРО-ДПМНЕ обвинија дека Влата која ветуваше брда и долини за младите, сега одбива закони за подобрување на нивниот живот. Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери кој го поднесе ВМРО-ДПМНЕ, а го одби СДСМ, предвидува редовните студенти од семејства чии месечни приходи не го надминуваат износот од две просечни месечни нето плати, а кои за прв пат се запишуваат во трета и четврта година на студии на високо образовните установи во Република Македонија да добијат бесплатни компјутери.
– Дополнително бонови-ваучери во овој закон е предвидено да им бидат доделени на сите студенти кои се евидентирани како лица со посебни потреби а се запишани во било која година на студии на високо образовните установи во Република Македонија. Ова предвидува еден вид на продолжување на проектите кои ги спроведуваше Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години во насока на подобрување на животот на студентите и младите во Република Македонија. Преку проектите за издавање на бесплатни ваучери кои беа спроведени од ВМРО-ДПМНЕ, 5.243 студенти им беше овозможено да земат бесплатни таблет компјутери, додека пак 28.319 студенти добија ваучери за набавка на персонален компјутер, истакна Владимир Нелоски, претседателот на УМС на ВМРО-ДПМНЕ.
СДС ветија проект дека по завршувањето на образованието секој млад човек од државата ќе биде вработен, ќе има шанса да го продолжи образованието или пак да оди на дообучување. Поминаа повеќе од 100 дена, ништо од ова, изјави на прес конференција Филип Ѓеорѓиев од ВМРО ДПМНЕ.
-Овој проект насловен како младинска гаранција, се изгуби во приоритетните вработувања на луѓето од Шарената револуција. Наместо вработување на секој млад човек или шанса за дообразување и дообучување, младите имаа можност да видат дека сето тоа е лага и наместо нив се вработија твитерџии блиски до СДС, членови на Шарена Револуција, членови на Сорос. Стефан Богоев, Ивана Туфегџиќ, Зоран Заев најмногу им ветуваа на младите пред изборите. Односно, најмногу ги лажеа младите и ги извисија, истакна Ѓорѓиев.
Иако ветуваше брда и долини и за студентите, сепак ситуацијата е друга, на почетокот на студентската година студентите останаа без вода во студентските домови, нешто што е најосновно, но и неопходно.
Студентите не можеа да се напијат вода во домот “Кузман Јосифовски – Питу“, но не можеа ниту да водат сметка за хигиената или да се готви нивното јадење. Нервозата кај нив оправдано расте затоа што ова е само едно во низата кратења кои паднаа на нивни грб откако СДСМ и Заев дојдоа на власт.
Јавноста е згрозена од одлуката на Владата на СДСМ да ги храни своите министри со бадеми и морски плодови, а да го скратува оброкот во студентките домови на студентите.
Наместо подобар живот, студентите добија оброк помалку во домовите. Се уште студентите не добија ништо од најавите на СДСМ и Зоран Заев за подобар студентски стандард во периодот пред декемвриските избори ги зголемуваат маките на македонските студенти.
Со одлука на раководните структури од партијата на Зоран Заев, се предвиде укинување на појадокот за студентите кои годинава добиле легло во трите најголеми студентски домови во главниот град, домови “Гоце Делчев“, “Стив Наумов“ и “Кузман Јосифовски – Питу“. Отсега наместо вообичаените три оброци кои им следуваа, идните академски граѓани кои одлучиле да ги користат услугите на студентските домови, за истата цена која ја плаќале и досега, ќе добиваат само два оброци. Тоа значи дека трошокот за студирање станува поголем. Оброкот кој досега го покриваше државата, ќе мораат да го платат од сопствениот џеб.
Покрај оваа најнова мерка за „живот“, студентите ги паметат и не така одамна укинатите и стопирани мерки наменети за нив, како згаснувањето на дисперзираните студии, стопирањето на проектот 30/35 кој обезбедуваше финансиски поволности при студирањето за повозрасните граѓани со интерес за студирање, гласањето против законот за студентски ваучери за купување компјутери.
Младите гласно коментираат дека место да почне да работи за подобрување на нивниот живот, на животот на оние кои треба да ја градат иднината на државата, Заев и неговите кандидати за градоначалници тераат реторика на празни зборови, ветувања за некаков почист воздух, иако немаат никаков план како тоа да го направат. Тие на премиерот му порачуваат да не заборави дека најзагаден град во Македонија е Куманово, каде општинската власт е под контрола на СДСМ и Тетово, каде СДСМ даде поддршка за актуелната градоначалничка, кандидатката на ДУИ, Теута Арифи.
Во својот „План за живот во Македонија“ премиерот Зоран Заев гордо најавуваше дека ќе ги врател назад во државата младите кои се

Пронајдете не на следниве мрежи: