Златко Трајановски и Елена Љамова преку владината мерка практиканство за вработиле во Занаетчиската комора-Скопје. И двајцата имаат завршено правен факултет и претходно немале работно искуство соодветно на нивното образование. Златко работел во маркет, а Маја стажирала во адвокатска канцеларија. Мерката практикантство на АВРМ и МТСП ја оценуваат како одлична можност за стекнување на знаење и вештини со кои полесно се доаѓа до работно место.Златко за огласот за мерката практиканство дознал и подетално се запознал од вработените во АВРМ кога се пријавувал како активен барател на работа. Аплицирал на конкурсот за потоа за краток период да добие известување дека ќе обавува практична работа во Занаетчиската комора.
-По истекот на тие три месеци практична работа според проектот добив предлог од страна на извршниот директор на Занаетчиска комора за можноста да продолжам со работа во оваа институција. Сега сум вработен веќе 6 месеци и работам сум како администратор, истакна Златко Трајановски.
Додека бил практикант имал можност да се запознае со работата и да оствари контакт со многу институции.
-Претежно дејноста ми се беше сконцентрирана на примање на странски и спроведување на стапката за регистрација на лицата како занаетчии. Бев ангажиран и во некои други проекти кои Комората ги спроведуваше со останати невладини институции. Учествував на разни обуки, а остварив контакт и со различни институции кои соработуваат со Занаетчиската комора, вели Златко за периодот од 3 месеци додека извршувал практикантска работа.
Додаде дека периодот од 3 месеци за практична работа е од особено значење и доколку се има желба може да се стекне со низа знаења, вештини и компетенции.
-Да не се пријавев за проектот се сомневам дека би остварил контакт со Занаетчиска комора. На младите им порачувам поактивно ангажирање и редовно да ги следат сличните мерки кои се спроведуваат со посредство на АВРМ бидејќи навистина се плодни, рече Златко.
И Елена Љамова е вработена во Занаетчиската комора преку мерката практикантство и ова и е прво вработување. Таа има завршено Правен факултет и постдипломски студии по финансово право и во моментов работи како архивар и администратор за занаетчиски регистра кое што е во согласност со нејзиното образование.
-Од мерка „Практиканство“ сум многу задоволна пред се од можностите кои што ми ги понуди Занаетчиска комора-Скопје во однос на усовршување и спроведување на моето теоретско знаење. Имав можност да се запознаам со многу работи кои на факултет немав можност ниту да ги видам ниту да ги научам. Во активно вклучување на пазарот на труд многу е важен делот на практичната работа, т.е работа директно со она што теоретски се изучува. Ова мерка е добра можност за младите не само заради вработување во компанијата во која што го обавуваат практичното работење туку и за стекнување на вештини, знаења кои што ќе им отворат врати и за некое друго вработување, вели Љамова.
Снежана Денковска, извршен директор на Стопанската комора истакна дека постојано учествуваат на јавните повици од страна на АВРМ за учество во мерката пректиканство и досега преку оваа мерка вработиле 3 лица.
-Мерката е многу добра и треба да ја користат компаниите затоа што 3 месеци сепак е еден добар период во кој што можете да го процените лицето дали одговара на вашите потреби и дали може да ги задоволи потребите на работното место, да ги извршува работните задачи, дали може тимски да работи, да работи со странски. Сепак е доволен период за да едно лице можете да го оцените дали може да влезе во вашата компанија, рече Денковска.
Таа посочи дека имале и практиканти од кои што биле незадоволни и не ги исполниле условите.Златко за огласот за мерката практиканство дознал и подетално се запознал од вработените во АВРМ кога се пријавувал како активен барател на работа.