Младите велешани ги споделија своите идеи кои би сакале да бидат дел од предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ.Унијата на млади сили на владејачката партија продолжува со свои трибини низ Македонија, каде во директни средби со младите ги слуша нивните предлози.
Трибините под наслов „Македонија за младите, младите за Македонија“ имаат за цел да се чуе гласот на младината.
-Како партија претходно за секоја изборна програма одржуваме вакви трибини и денови на идеи каде што сите граѓани можат да ги дадат своите идеи. Водејќи се од тој принцип и таа пракса, беше важно на вакви средби да ги слушнеме идеите и потребите на младите луѓе, нивните потреби од секојдневието и со вметнување во програмата на тие идеи да се подобри нивниот живот, истакна Живе Кантраџиев, претседател на УМС во Велес.
На трибината беа презентирани и проектите кои претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ги презентираше минатата недела.
-Младите луѓе најголем партнер имаат во ВМРО-ДПМНЕ. Тоа не е од сега туку во изминативе 9 години. Пред се, акцентот е ставен на младите луѓе бидејќи во младите е иднината, но да не заборавиме дека во младите е и сегашноста. Младите треба квалитетно да се образуваат, подоцна да им се обезбеди работно место, и да се создадат инфраструктурни услови за младите луѓе да одлучат својата иднина да ја градат во Република Македонија, истакна претседателот на УМС, Владимир Нелоски.Унијата на млади сили на владејачката партија продолжува со свои трибини низ Македонија, каде во директни средби со младите ги слуша нивните предло