Младо момче загина на жестоките протести во Бразил

Младо момче на возраст од 18 година синоќа загина на протестите во Бразил, кои се случија во градот Рибејрао Прето, околу 300 километри северно од Сао Паоло. 
Момчето загинало кога засега непознат маж со автомобил удрил во група демонстранти и директно го погодил момчето. 
Протестите во Бразил стануваат се пожестоки. Во главниот град на Бразил, Бразилија, синоќа демонстрантите упаднаа во Министерството за надворешни работи, каде што се судрија со полицијата која употреби солзавец и палки за да ги растерети демонстрантите. 
При овој судир се повредени околу десетина лица и се искршени неколку прозорци како и влезната врата на Министерството. Полицијата соопшти дека уапсени се две лица од групата. 
Во текот на вчерашниот ден групи демонстранти се обидоа на навлезат и во зградата на Парламентот и во Претседателската палата во Бразилија, кои се обезбедувани од полиција и пруипадници на Армијата.
Протести синоќа се одржаа и во Рио де Жанеиро, каде на улиците излегоа околу 300.000 лица, а немири имало и во градот Салвадор, каде се одигра мечот од фудбалскиот Куп на конфедерациите меѓу Нигерија и Уругвај.
Според полициским извори, во тркот на вчерашниот ден протести се одржале во најмалку 80 бразилски градови во кои учествувале меѓу 800.000 и еден милион лица.
Поради демонстрациите против социјалната неаднаквост кои започнаа пред десетина дена како протест поради поскапувањето на јавниот транспорт во Сао Паоло, но подоцна се проширија низ целата земја, поради големите трошоци кои ги прави владата за организација на Светското првенство во фудбал во 2014-та година. Младо момче на возраст од 18 година синоќа загина на протестите во Бразил, кои се случија во градот Рибејрао Прето, ок

Пронајдете не на следниве мрежи: