Многу планирања, големи очекувања, убеденост дека го пронајдовте човекот од соништата и на крај… тој не се појавува на свадбата?! Некој можеби би паднал во депресија, но не и Кејти Колинс. Таа имала подобар план.Кејти за свадбата го испланирала секој детаљ, па дури и избрала посебна боја на салвети.
„Сѐ делуваше совршено. Неговиот татко ни помогна, се снајдовме. Издвоивме дури и соба за бебе. Бев многу среќна, сигурна дека го имам вистинскиот човек покрај себе, дека делиме исти планови за иднина. Една вечер влезе блед во кујната и едвај изусти дека не може да ме земе за жена“ – зборува Кејти.
Нејзиниот тогашен свршеник ѝ признал дека се гледал со друга.
„Не се скаравме, не можев да изговорам ниту еден збор. Само го гледав како се пакува и заминува. Се потпрев на ѕидот, се лизнав до подот, ги фатив колената и почнав да плачам. Буквално ме болеше срцето, физички ме болеше. Поминавме девет години заедно, а тој ми рече дека повеќе не го привлекувам. Можеби малку се опуштив, носев тренерки и сето тоа, но тоа го правиш кога пред некого си опуштен. Сите ме прашуваа кога ќе биде свадбата, а кога им реков што ми се случи сите ме гледаа со сожалување. Пријателката ме однесе во Турција за да не морам повторно сѐ да им објаснувам на луѓето“ – вели Кејти.
Но, Кејти започнала нов живот. Дала отказ, продала половина од станот што го делеле, како и автомобилот и одлучила да го пропатува светот.
Не само што обиколи неверојатни места како што се Монт Еверест и Таџ Махал, туку успеала и да заработи! Додека нејзиниот поранешен свршеник планирал нова свадба, Кејти станала вистинска интернет сензација. Нејзиниот блог стана книга!
Излезе дека нејзиниот поранешен свршеник не може да се носи со направената грешка откако Кејти стана славна, па сега тврди дека и таа него го изневерувала.
Од плажа на Филипините, новата инспирација на оставените жени ширум светот вели дека тоа не е точно и порачува:
„Бев страшно лута, но повеќе не го мразам. Ми направи огромна услуга, кога сѐ ќе се земе в предвид и му посакувам сѐ најдобро. Ми требаше многу да го кажам ова, но не му посакувам ништо лошо“.Кејти за свадбата го испланирала секој детаљ, па дури и избрала посебна боја на салвети.
„Сѐ делуваше совршено. Неговиот татко ни пом



