Млечните производи се СПАС за оние кои сакаат да ослабат, а еве КОГА ТРЕБА да ги јадете!

Обилен протеински појадок базиран на млечни производи може да ви помогне во мисијата за губење на килограмите, но и спречување на појава на дијабетес тип 2.Бројни истражувања покажале дека протеините од млекото, јогуртот, сирењето, се дел од намирниците со помош на кој можете да се чувствувате сито, но и со помош на кои можете да го спречите покачувањето на килограми.
Овие намирници им помагаат на луѓето да изгубат многу повеќе килограми отколку што тоа го прават протеини од други намирници, на пример јајца или туна.
Да се започне денот со овие намирници е многу подобро за слабеење отколку консумирањето на јаглени хидрати со обилен појадок. Консумирањето на обилен појадок во кој доминираат јаглени хидрати, со времето може да доведе до појава на високо ниво на шеќер во крвта, што предизвикува срцеви проблеми, оштетување на органите…
„Протеинскиот појадок, ручек средна големина и мала вечера се успешна стратегија на патот кон губење на калориите кај лицата кои се дебели“, за Дејли Мејл вели д-р Даниела Јакобовиќ и додава дека сурутката во прав брзо ги заситува луѓето и ја намалува потребата за јадење, па се сместува во оние најпозитивни намирници.

 
Докторката Јакобовиќ и нејзиниот тим спровеле истражување на вкупно 48 луѓе во просек постари од 59 години. Од нив половина биле дебели, а оние другите биле дебели и имале дијабетес тип 2.
За време на истражувањето, кое траело 23 месеци, сите јаделе обилен појадок, ручекот бил со средна големина, додека вечерата минимална.
А потоа одлучила да им го промени ритамот.
Една група појадувала протеински шејкови од сурутка, другата јадела јајца за појадок, соја, туна, додека на третата група за појадок јаделе храна базирана на јаглехидрати и скроб.
После 12 недели групата која јадела сурутка изгубила најмногу килограми, дури 7 што во однос на другите испитаници е многу. Оние кои јаделе јајца и туна ослабеле 6 килограми, додека оние кои внесувале јаглени хидрати  и скроб изгубиле само 3 килограми.
Луѓето кои наутро јаделе сурутка во текот на денот имале помала потреба за храна во однос на оние другите групи. Тоа се случува затоа што протеинот на сурутката значајно го сузбива хормонот на глад, а на нив и нивото на шеќер им беше во граница на нормалата, тврди докторката Јакобовиќ.Бројни истражувања покажале дека протеините од млекото, јогуртот, сирењето, се дел од намирниците со помош на кој можете да се чувствувате сито, но

Пронајдете не на следниве мрежи: