Млекото е водечка намирница за мускули и витка линија

Луѓето кои сакаат да имаат витка линија најчесто посетуваат нутриционисти, а тие им советуваат во вечерните часови да испијат голема чаша млеко, бидејќи протеините ќе Ве заситат, а нема да влијаат врз зголемувањето на тежината.

Докажано е дека лицата кои редовно пијат млеко имаат повеќе енергија и појак имунитет, а причината за тоа е дека млекото е богат извор со протеини кои помагаат во изградбата на ткивата и јаглените хидрати неопходни за создавање на енергија. Нутриционистите постојано ги советуваат лицата кои сакаат да имаат витка линија да пијат голема чаша млеко во вечерните часови, бидејќи протеините ќе Ве заситат, а нема да влијаат на зголемувањето на тежината. 
Всушност, во само една шоља млеко се наоѓаат 30 % од дневните потребни калциуми, минерали кои ги оддржуваат коските и го зајакнува целокупниот организам за време на вежбањето. Млекото ги пополнува клетките на сврзното ткиво и мускулите со глукоза, а не дозволува да се претвори во масти. Истовремено, млекото е еден од најдобрите можни нутриенти за мускули, богато е со линолеумска киселина која ги штити и помага во согорување на мастите.
 
Американските научници потврдиле дека состојките кои се наоѓаат во млекото се есенцијални за добриот имунитет, не само што нема да додавате вишок килограми, туку може да го забрзаат процесот на слабеење. Луѓето со прекумерна тежина, кои три пати дневно конзумирале млечни производи, побрзо ги губат масните наслаги од стомакот од оние кои држеле диети без употреба на млеко. Млечниот напиток е идеален за спортистите и децата во развој и се препорачува да се конзумира најмалку пола литар на ден, додека на повозрасните луѓе им се советува помала количина.
 

Пронајдете не на следниве мрежи: