ММДЧП: Нимиц да си поднесе оставка, спорот е вештачки а Македонија има име

Претседателот на Меѓународното македонско движење за човекови права (ММДЧП) Бил Николов на 18 октомври 2016 година во Њујорк се сретна со амбасадорот Метју Нимиц, специјален претставник на Генералниот секретар на Обединетите Нации во врска со прашањето за името.ММДЧП побара од Нимиц да поднесе оставка, како што тоа го направи и неговиот претходник Робин О’Нил, и јавно да се откаже од преговорите за името. ММДЧП настапи со образложение дека не постои решение за 25­годишниот вештачки создаден спор, во кој што едната страна одбива да ги признае името, идентитетот, етничката припадност и јазикот на другата страна, па активно и транспарентно, мора да се признае, се обидува да ги елиминира. ММДЧП изразија незадоволство поради тоа што Обединетите Нации продолжуваат да се забавуваат со идејата Македонија присилно да го смени своето име и што дозволува цели 25 години да трае бесрамниот напад врз суверенитетот на Македонија и врз најосновните човекови права, како што е самоопределувањето на македонскиот народ.
Прв пат во историјата, Обедитетите Нации дозволуваат една земја да определува име на друга земја. Понатаму, ММДЧП истакна дека Македонија и Македонците отсекогаш биле познати под тоа име, тие „не го избрале“ името, па не можат ниту да изберат да се откажат од него. И покрај тоа што се тврди спротивното, Грција е таа која што се обидува да го „присвои“ името Македонија, што е всушност јасно видливо и од 1998 година, кога е променета политиката на негирање на постоењето на Македонија и барањето да се прифати како нивно име. Додека Грција инсистира на историски дискусии, како изговор за своите тврдења, ММДЧП појасни дека ниту г. Нимиц, ниту Обединетите Нации не можат како појдовна точка да го земат про­грчкиот аргумент дека Македонија е „нова“, а Грција е „стара“. Ова не само што е погрешна, туку претставува и опасен преседан, кој што и помага на Грција во лажните барања за Македонија. Уште од формирањето на Грција во 1830­та година, никогаш не било побарано Македонија да се приклучи на грчката држава, што јасно покажува дека никогаш и немале претензии кон Македонија. Напротив, од поделбата на Македонија во 1913­та година помеѓу Србија, Бугарија и Грција, а подоцна и Албанија, Грција континуирано бара искоренување и бришење на Македонија, што е впрочем случај и со другите држави. На средбата со Нимиц, ММДЧП истакна дека со додавање на било каква географска или друга одредница, како на пример „Република Северна Македонија”, „Демократска Република Македонија” или „Република Словенска Македонија” е крајно навредливо и само би и помогнало на Грција во нејзините обиди да го променат етничкиот идентитет на Македонците. ­
Не може некој да го промени името на една земја без промена на идентитетот на народот. Исто така, со тоа би се обезбедила и целта на негирањете на постоење и прогон на македонското малцинство во Грција, момент кој што беше и јавно признат од страна на поранешниот грчки премиер Константин Мицотакис во 1995 година. Македонците во Грција и низ целиот Балкан се залагаат за нивните човекови права како Македонци и ништо повеќе од тоа. Дури и да се земат предвид бесмислените аргументи на Грција во создавањето на бесмислениот „проблем“ со името, нивното тврдење дека името на Република Македонија „создава конфузија” со „провинцијата Македонија” е манипулативно, затоа што зборот „Република“ укажува на државност, соопштија тие.ММДЧП побара од Нимиц да поднесе оставка, како што тоа го направи и неговиот претходник Робин О’Нил, и јавно да се откаже од преговорите за и

Пронајдете не на следниве мрежи: