Мисијата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во завршна изјава по посетата на Македонија проектира раст на БДП од 2,2 отсто годинава, кој би се зголемил на 3,2 следната година под претпоставка да се одржат закажаните парламентарни избори во декември и да уследи период на стабилизација.По зајакнувањето во 2015 година, реалниот раст на БДП се проектира да забави на 2,2 отсто во 2016 година одразувајќи го застојот на инвестициите и на умерениот кредитен раст поради политичката несигурност. Претпоставувајќи дека ќе се случат избори во декември, по што би уследил период на стабилизација, растот се проектира да се зголеми на 3,2 отсто во 2017 година, со постепена нагорна линија на среден рок како резултат од инвестициите во инфраструктурата, континуираното подобрување на пазарот на трудот и одредено зајакнување на кредитниот раст, стои во завршната изјава.
Мисијата на ММФ порачува дека политиките во државата треба да се стремат кон следење истрајна фискална консолидација, одржување финансиска стабилност и решавање на слабостите на пазарот на трудот и управувањето.
Наведува три приоритети за политиките во услови на нерешена политичка ситуација и послаб раст: донесување високо квалитетни мерки во однос на приходите и расходите со цел да се изгради простор за фискалната политика и да се овозможи јавниот долг да остане под 50 отсто од БДП, одржување на стабилноста на монетарниот и на финансискиот сектор, како и подобрување на потенцијалот на економијата преку реформи на пазарот на работна сила и управувањето.
– Макроекономските движења покажуваат отпорност кон постојаната неизвесност како резултат на приспособливите политики, ниските цени на нафтата, подобрување на пазарот на работна сила и голема надворешна побарувачка. Сепак, пролонгираната политичка криза почнува да влијае на довербата и развојот во контекст на ограничен простор за делување, наведува Мисијата на ММФ во Македонија
Оценува дека позитивните изгледи се крајно неизвесни по однос на враќањето на политичката стабилност и континуираното закрепнување во евро зоната.
– Неодамнешниот договор меѓу главните политички партии за одржување избори на 11 декември е добредојден потег, но неизвесноста останува и натаму. Враќањето на ефективен процес на политичкото одлучување е предуслов за решително зајакнување на јавните финансии и примена на потребните реформи за зголемување на потенцијалот на економијата на среден рок, се наведува во изјавата.
Јавниот долг, стои во изјавата, двојно се зголемил од 2008 година наваму и се предвидува да достигне 48 отсто од БДП оваа година. За 2016 година, мисијата предвидува проширување на севкупниот фискален дефицит на 4 отсто од БДП.
За 2016 година, со оглед на постоењето техничка влада и краткото време до крајот на годината, се препорачува мала консолидација на 0,4 проценти од БДП потпирајќи се на кратење на трошоците за стоки и услуги како и на наплатата на заостанатите долгови по основ на ДДВ. Тоа би го довело вкупниот дефицит за 2016 година на ниво од 3,6 проценти од БДП. За 2017 и 2018 година, под претпоставка за одржување на декемвриските парламентарни избори после кое ќе следи период на стабилизирање мисијата препорачува намалување на севкупниот фискален дефицит до ниво од 2,5 проценти односно 2 проценти од БДП, соодветно, со цел за стабилизирање на јавниот долг под нивото од 50 отсто од БДП.
Во завршната изјава се оценува дека тековната состојба на монетарната политика е соодветна, дека силниот раст на кредитите на населението продолжува со финансиско продлабочување и оти банкарскиот сектор останува стабилен.
Се посочува и дека стапката на невработенсот значително опаднала во последните години. Како придобивка од активните политики на пазарот на трудот и широко базираниот раст, вкупната стапка на невработеност се намали за 10 процентни поени од 2008 година наваму. Сепак, стапката на невработеност од 24 проценти останува многу висока како одраз на недостатокот на вештини кои произлегуваат од емиграцијатана квалификувана работна сила и општо ниското ниво на образование. Стапката на учество на работната сила сепак е намалена во последниве години, особено во поглед на младите работници, стои во изјавата во која се укажува и на тоа дека значајните приливи на странските директни инвестици во последната деценија го помогнале инвестирањето и извозот иако прелевањата во домашната економија и понатаму се ограничени.По зајакнувањето во 2015 година, реалниот раст на БДП се проектира да забави на 2,2 отсто во 2016 година одразувајќи го застојот на инвестици