За сите љубители на тестенини, еден преубав рецепт за макарони со вкусен прелив.Состојки
500 гр макарони
300 гр сирење
1 павлака
150 гр шунка
Ако сакате, може да додадете печурки
оригано
Прелив:
600 мл млеко
1 лажица густин
30 гр маргарин
100 гр кашкавал
Подготовка:
Макароните подгответе ги според упатството на кесичката. Сварените макарони процедете ги. Сирењето помешајте го со павлаката, додадете ја исечканата шунка. Се добро промешајте и додадете ги исцедените макарони па добро измешајте за се добро да се поврзе. Претурете во подмачкан огноотпорен сад.
Прелив:
Одвојте малку млеко и во него разматете го густинот, остатокот од млеко ставете го да проврие. Во провриеното млеко додадете ја разматената смеса и гответе 5 минути малку да се згусне, додадете маргарин и изренданиот кашкавал, па варете на тивок оган уште 5 минути. По желба посолете. Со преливот прелијте ги макароните и одозгора посипете со оригано. Печете во загреана рерна на 220 С околу 20 минути.
Состојки
500 гр макарони
300 гр сирење
1 павлака
150 гр шунка
Ако сакате, може да до