МНФ: НАШАТА БОРБА

Со добра воља, муабети, компромиси и слични галантно-дипломатски тактики, веќе не оди. Нештата мора да се интенизивираат и заоштрат. Потребно е едно радикално јадро, кое ќе има нулата толеранција за сопствените, македонските, единки со криза на идентитет, пред се.Со слаби карики во своите кругови, не можеш да се одбраниш од надворешниот агресор. Дури откако ќе се минимизира нивното влијание, ќе може да се размислува за екстерна одбрана и експанзија. А, истата најдобро се прави преку тоа што на уплашената и успана, рамнодушна македонска душа, ќе и се објасни дека причина за страв, нема. Дека достоинството и вистината се тука, на Македонската страна, и дека единствено погубно сценарио е да ја изгубиш Македонија.
Се друго се издржува и поминува. И сето тоа, во првичната фаза, треба да се изведува преку рестрикции. Рестрикции кон секој што сериозно си поигрува со Македонската држава. Па, после извесно време, од рестрикциите ќе се изроди свесност дека со Македонија и Македонското играње нема. За жал, националната доктрина е поврзана со националното единство. А, единството е нешто што го немаме. Да чита некој Холанѓанец, Германец или што било по македонските медиуми,да се изначуди. На секоја можна тема не делат. Разбудете се! Политичките партии се тие кои не делат, на НИЕДНА, повторувам на НИЕДНА, политичка партија која досега се појавила во Македонија не и бил важен, националниот интерес, само сопствените – власт, моќ, пари и слично. Како пример, ќе го земам прашањето за името.
Да неможе да се изначуди човек што ќе види. Едните биле за Северна Македонија другите за Вардарска, третите за незнам ти каква и така – натаму без крај. Македонија е една, не постои ни северна ни јужна ни источна, а најмалку треба да се размислува за влез во некакви си организации под друго име! Името го земав како пример, за манипулација и лажење на народот, ако ние неможеме да се обединиме покрај најбитното прашање за оваа држава, од каде тогаш да бараме национална доктрина?
Имаме еден куп историски примери за тоа дека Македонецот знае и може да се обедини околу единствената идеја за Македонија. Според тоа, негде помеѓу СФРЈ, Привремената Спогодба и Рамковниот сме ја подзаборавиле националната хомогеност. Но, само заборавиле, НЕ и изгубиле. Е, за да се потсетиме на истата, треба сите оние “сенилни македонци” да се потсетат кои се и каде се. Недостатокот на национална доктрина не доведе до ова дереџе, логично е дека за нешто такво треба да постои НУЛА толеранција во иднина ако сакаме национална консолидација. Истото пак, може да го спроведе само цвртса власт со несомнен сенс за национално достоинство. А, такви луѓе дефинитивно имаме. Малку се, но се наоѓаат во морево полно со безрбетници. Национализмот е нишка која ни фали во нашето етаблирање. Заради антинационализмот го губиме и тоа што го имаме, со секое попуштање ни се става нова и потешка пречка. Нашите душмани имаат добро осмислена и зацртана политика односно тактика на играње, ова е како партија шах, треба да ги знаеме нивните идни потези. И било кој потез од наша страна, без национализам или национална доктрина, со недостиг на патриотизам и агресивност, може да донесе до негативни резултати.
Нашиот национализам не треба да не остави да тапкаме во место, меѓутоа одењето напред без национализам е вртење во круг или ако повеќе милувате враќање назад. Време е да се изгради Македонска национална доктрина која ќе ја зачува државата за идните генерации. Ако сегашните политички елите тоа го заборавија 27 години време е да дојдат нови луѓе, полни со елан и патриотизам во себе кои пред се се интелектуалци и луѓе на кои им е битна државата во која работат и творат.
Нашата борба е борба за опстанок на Македонија, единствената држава која ја имаат Македонците. Да живее Република Македонија !!!
МАКЕДОНСКИ НАЦИОНАЛЕН ФРОНТСо слаби карики во своите кругови, не можеш да се одбраниш од надворешниот агресор. Дури откако ќе се минимизира нивното влијание, ќе може да се ра

Пронајдете не на следниве мрежи: