Во неделата, на 22 јуни, светскиот ден на музиката, првиот ден на летото и воедно најдолгиот ден во годината, во Градскиот парк во Скопје, кај школка, се одржа претставата „Волкот и трите прасиња“ во изведба на театарски и балетски уметници која ги воодушеви најмладите.Со ова оваа изведба се означи и стартот на серијата настани по повод 70-годишнината од постоењето на Стопанска банка, кои ќе продолжат и во многу други градови низ Македонија на кои граѓаните ќе уживаат во возбудливи театарски претстави за најмладите, игранки за пензионeрите со хитови од времето на нивната младост и концерти за љубителите на популарната музика.
Како благодарност кон укажаната доверба во изминатите 70 години од постоењето, Стопанска банка освен овие настани, иницираше голема хуманитарна акција „Еден милион насмевкиˮ во која секој граѓанин може да учествува и да ја подари својата насмевка во филијалите на Стопанска банка, на Фејсбук страната на Стопанска банка www.facebook.com/NaVasaStrana/app_713741715354213, на сите настани организирани во чест на јубилејот, како и на веб банерите на најпосетуваните интернет страници.
За секоја насмевка Стопанска банка ќе донира средства за медицинска опрема за детските здравствени установи низ земјава и според очекувањата на вчерашниот настан и децата и возрасните масовно донираа насмевки, со што досега се собрани хх ххх насмевки за децата на кои им треба нашата помош.
Следниот настан е закажан на 25 јуни, среда, кај фонтаната во Градскиот пак во Скопје, а се работи за концерт на популарна музика со почеток во 21 часот. Со ова оваа изведба се означи и стартот на серијата настани по повод 70-годишнината од постоењето на Стопанска банка, кои ќе продолжат и во многу д