Камерон Робинет (25) од Аризона не дочкал да му се оствари најголемата желба и да стане татко. Тој настрадал во сообраќајна несреќа на мотор, но неговата свршеничка Стефани Лукас не се откажала од идејата да му роди дете. Таа со брза акија успеала да собере 11.000 долари за неколку часа по неговата смрт, колку што било потребно лекарите да извадат сперма од телото на Кемерон. Така Стефани успеала да му ја оствари желбата и еден ден да му роди дете.Камерон минатиот петок седнал на мотор и тргнал да разглеува куќи, барајќи совршен дом за себе и идната сопруга. Но, доживеал несреќа и три дена подoцна починал во болница.
Стефани веднаш смислила план- на интернет ја објавила својата трогателна приказна и ги замолила луѓето да донираат колку што можат, за да собере стредства за процедурата за земање сперма.
Трогнати од нејзината приказна, непознати луѓе веднаш почнале да уплаќаат средства, и за неколку часа успеала да собере 11.000 долари.
„Мојот вереник Камерон доживеа несреќа во петокот и денес е прогласен за мртов. Многу сакаше деца, па нашите семејства и јас одлучивме да го оствариме тоа. Ова бебе навистина би било сакано и опкружено од неверојатно семејство. За жал за оваа процедура потребно е да се уплатат 6.000 долари до утре вечер, а тоа е сума која ние не можеме да ја собереме. Наместо цвеќе и подарок во чест на Камерон ве молам да дадете донација за да вратиме дел од Камерон во живот“, напишала таа во огласот.
Набрзо почнале да пристигнуваат донации, а некои луѓе уплаќале дури по 1.000 долари.
„Бевме толку возбудени околу создавањето семејство. Ми велеше дека веднаш треба да имаме бебе, да не чекеаме до венчавката. Многу сакаше да биде татко, и сега ја исполнувам неговата желба“, вели Стефани.
Таа вели дека комплетната процедура чини 9000 долари и дека неговата сперма била замрзната и дека ќе биде чувана до моментот кога таа ќе одлучи да забремени. Сепак, таа се уште не знае кога ќе го стори тоа.
„Тагата е се уште свежа во овој момент, но ќе го сторам тоа, сакам да имам негово бебе, неше бебе“, тврди СтефаниКамерон минатиот петок седнал на мотор и тргнал да разглеува куќи, барајќи совршен дом за себе и идната сопруга. Но, доживеал несреќа и три д



