Во последните неколку дена на Фејсбук кружи порака во која се вели дека Марк Закерберг најавува дека во чест на раѓањето на својата ќерка ќе подели милион долари на корисниците на неговата социјална мрежа. Секако дека тоа предизвика вистинско лудило на Фејсбук, но ништо од тоа не е точно. Основачот на Фејсбук нема да дели пари. Значи, пораката е лажна!
Гласината на која многумина наседнаа е дека Закерберг и неговата сопруга Присила Чан ќе се откажат од 99% од сопствените акции на Фејсбук. Пораката вели дека Закерберг ќе се откаже од 10% од парите, што е отприлика 4.5 милиони долари кои ќе ги подели на 1000 корисници коишто ќе го споделат статусот.
„Марк Закерберг најави дека ќе се откаже од 45 милиони долари вредносни акции на Фејсбук. Но, она што можеби не сте го слушнале е тоа дека 10% од тие пари Марк сака да ги подели на обични луѓе. Сѐ што треба да направите е да ја копирате оваа порака и да ја ставите на својот профил. И тоа веднаш! Фејсбук до полноќ ќе провери кои 1000 луѓе го имаат направено тоа и на сите ќе им даде по 4.5 милиони долари“, стои во пораката.
Сепак, општата еуфорија ја прекинал портпаролот на Фејсбук.
„Порака е лажна. Жал ми е што ви ја уништувам забавата, но Закерберг нема да даде пари“, соопштил тој.Секако дека тоа предизвика вистинско лудило на Фејсбук, но ништо од тоа не е точно. Основачот на Фејсбук нема да дели пари. Значи, пораката е лажна